2.8 C
Скопје
06:08 - 24 октомври, 2026

Дино Мерлин за првпат јавно за Здравко Чолиќ: „Не е прашање на уривање рекорди, не е ова атлетика, туку реми“

Пејачот Дино Мерлин по долго медиумско отсуство проговори за обвинувањата кои се појавуваат за него и неговите наводни изјави.

Мерлин демантираше се, во таа прилика, за српските медиуми истакна дека судот пресудил во негова корист, а се осврна и на „ривалството“ меѓу него и Чолиќ, кога е во прашање букирањето на Арената.

Инаку, само Здравко Чолиќ успеа да наполни шест белградски арени, а Мерлин сега открива дека не го брка тој рекорд.

„Не размислувам на тој начин. За мене ова не е прашање на уривање рекорди, не е ова атлетика. Меѓутоа, ако некогаш сте играле реми, кога ви оди „картата“, одите на „hand“. А згора на тоа сум Девица, секогаш сакам подобро, повеќе, посилно. Во прашање е мојот темперамент и сопствената потреба како човек и како музичар да ги испитувам сопствените граници. А што се однесува до Здравко Чолиќ, Чола е идол на мојата младост. Имав чест прво да го запознаам, а потоа да станеме и домашни и деловни пријатели“, открива Мерлин и додава.

„Можете да замислите колку го сакам и почитувам што, покрај интензивната работа на својот нов албум, упорно работам и на неговиот и имам убави вести. Наскоро ќе излезе сингл, песна која ја напишав за Чола на која многу се гордеам и која навистина му личи. Тоа ќе биде стариот нов Чола. Сите сме возбудени и едвај чекаме публиката да слушне како тоа звучи“.

Потоа, Мерлин се навраќа на неодамнешниот разговор кој го имам со Чола, на раните 70-ти години кога во тогашна Југославија сите живееле сложно.

„А, гледате сега, 28 години подоцна, од 1995 до сега, колку луѓето се уште се хранат со омраза и упорно гледаат во ретровизорот. Каков пораз. Во каква слепа улица заглавивме? Ете, само една мала паралела за размислување“ – вели Мерлин за српски „Курир“.

Мерлин ја спомнува и петицијата која беше покрената против него за забрана за влез во Србија и вели дека му е драго што е укината.

Инаку, Дино Мерлин до сега распродаде три концерти во Штарк арената во Белград, за 18, 19 и 21 ноември, а во тек е продажбата за четврти концерт за 22 ноември.

Слични објави

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо
Се вчитува....