02:04 - 2 април, 2026

ЏЕСИ ЏЕЈ СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА: Го изгубив бебето, немам контрола над моите емоции

џеси џеј

Пејачката Џеси Џеј објави дека доживеала спонтан абортус.

Џеси на својот инстаграм-профил објави фотографија на која држи тест за бременост. Таа не откри колку време е бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека чукањето на срцето на бебето повеќе не се слуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

„Вчера наутро се смеев со една пријателка, велејќи: „Сериозно, како ќе издржам на мојот настап во ЛА утре вечер без да и кажам на публиката дека сум бремена? А веќе попладнето бев загрижена како ќе го изведам настапот без да се распаднам на сцена… По третиот ултразвук ми рекоа дека чукањето на срцето веќе не се слуша…“, напиша пејачката во емотивната објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

„Утрово. Се чувствувам како да немам контрола над моите емоции. Можеби ќе се каам што го објавив ова. Можеби не. Не знам“, пишува 33-годишната џеј.

Џеси Џеј исто така рече дека „одлучила сама да има дете“ затоа што тоа е „нејзиниот животен сон и затоа што животот е премногу краток“.

„Забременувањето беше чудо само по себе и искуство кое никогаш нема да го заборавам и знам дека ќе го доживеам повторно“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

„Морам да одржам концерт“

Пејачката, на која претходно ѝ било кажано дека не може да има деца, објасни дека е решена да го одржи концертот во Лос Анџелес, не за да ја „избегне тагата“, туку затоа што мислела дека пеењето ќе ѝ помогне.

„Имав два настапи за 2 години и тоа ѝ требаше на мојата душа. Денес уште повеќе. Знам дека некои луѓе ќе речат дека треба да откажам. Но во овој момент сум сигурна само во едно. Почнав да пеам кога бев млада од радост, за да ја исполнам мојата душа, тоа никогаш не се промени и морам да ја одработам на свој начин“, објасни таа.

„Сè уште сум во шок, тагата е огромна. Но, знам дека сум силна и знам дека ќе бидам добро. Знам и дека милиони жени ширум светот ја почувствувале оваа болка и повеќе. Се чувствувам блиску и до оние што ги познавам и оние што не ги познавам. Тоа е најосаменото чувство на светот“, заклучи пејачката.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....