01:33 - 11 ноември, 2026

Џенифер Лопез „уловена“ во куќата на Бен Афлек: „Таа секогаш се грижела за неговите деца“

55-годишната американска пејачка и актерка Џенифер Лопез неочекувано дошла да го посети својот (сè уште) сопруг Бен Афлек, кој се населил во куќа што ја изнајмил во Брентвуд и покрај тоа што купија заеднички замок лани, за 20,5 милиони долари, пишува Пипл.

Двојката живее одвоено веќе неколку месеци и, според пријателите, не сакаат да комуницираат еден со друг дури ни за деловни работи.

Изворот за таблоидот „Пипл“ тврди дека Џеј Ло, која ги има 16-годишните близнаци Макс и Еми со поранешниот сопруг Марк Ентони, сака да поминува време со децата на Афлек (кој ги има од бракот со колешката Џенифер Гарнер) пред да започне училишниот период.

„Само затоа што таа не е со Бен, не значи дека не се грижи за неговите деца. Таа секогаш се грижела за нив. Минатата година, таа помина со месеци во потрага по совршен дом за нивното мешано семејство. Сега кога се врати во Лос Анџелес. таа сака да поминува време со нив пред да продолжат со школувањето, особено затоа што Виолет, најстарата ќерка на Бен, наскоро ќе замине на колеџ“, рече инсајдерот.

Афлек ќе го прослави својот 52-ри роденден на 15 август, но никој од пријателите на двојката не знае дали Џенифер ќе му честита на нејзиниот сопруг, бидејќи тој ја игнорираше нејзината 55-та роденденска забава.

Афлек и Лопез, кои се во брак само две години, не ја прославија годишнината од бракот. Тие живеат одвоено и практично никогаш не се среќаваат на јавни настани.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....