11:41 - 13 ноември, 2026

(Фото) Најубавата слика на мајчинството! Тамара Драгичевиќ покажа како го дои синот

Српската актерка Тамара Драгичевиќ моментално е на одмор со семејството, а неодамна покажа како ужива да биде со своите малечки и да се релаксира на плажа.

Сепак, Тамара сега објави поинтимна фотографија од спалната соба, на која покажа како го дои своето бебе, малиот Борис.

 

Инаку, Тамара по породувањето успеа многу брзо да си ја врати линијата, а во бракот со актерот Петар Бенчина доби три деца. Популарната актерска двојка веќе има две деца, ќерката Сташа и синот Лазар, а пред еден месец го добија синот Борис.

Како мајка на три деца, Тамара претходно изјави дека има стравови за нивното воспитување.

– Моето постаро дете тргна во прво одделение и тука беа стравовите. Некако градинка и тој период на растење кога се најмногу со нас, сте всушност безгрижни и некако зависи одвас. Кога ќе ги препуштите своите деца на општеството и системот, тогаш почнуваат вистинските стравови. Се разбира, на крајот семејството и образованието играат најважна улога, а тоа не е лесно. Во моментов тоа се моите стравови – рекла тогаш Тамара.

 

 

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....