-0.2 C
Скопје
10:22 - 23 декември, 2024

Џенифер Лопез обвинета од фанови што „ја познаваат“: „Скржава, лоша личност, ги отпушта шоферите ако само ја погледнат во ретровизор…“

На социјалната мрежа ТикТок трендот „Кажи ми за времето кога некоја позната личност била злобна или груба со тебе“, привлече најголема реакција за поп- ѕвездата и глумица Џенифер Лопез за која многумина немаа позитивни коментари. 

Идеализирањето на вашите идоли е речиси природно, токму поради восхитот што го имате кон нив, но реалноста често може да биде сосема поинаква. Деновиве ова се покажа во пракса во врска со Џенифер Лопез, која не беше опишана на особено добронамерен начин од повеќе корисници на социјалните мрежи кои зборуваа за неа на Тик Ток.

Во последно време тренд на ова социјална мрежа е да се одговори на прашањето: „Кажи ми за времето кога некоја позната личност била злобна или груба со тебе“. Многумина ја искористија можноста да зборуваат токму за Џеј Ло, за која се зборува со тон кој е се освен позитивен.

Има и такви кои објаснуваа дека ја гледале како лошо се однесува со фановите додека била во јавност, оние кои и побарале автограм, но добиле одбивање, и оние кои рекоа дека биле одбиени на лош начин. Накратко, жалба до жалба.

Но, имаше дури и такви кои зборуваат за тоа како таа била одлучна во тоа што некои луѓе останале без работа, зашто според неа биле „виновни“ што не постапиле правилно. Не само тоа, еден корисник се пожали и дека е циција, зашто Бен Афлек давал многу големи бакшиш за персоналот на извенсен хотел, а Џенифер Лопез ги оценила како претерани и го предупредила дека се дава само по 5 или 10 долари.

„Имам две приказни кои сведочат за тоа колку ужасно човечко суштество е Џеј Ло. Број еден, на возачите што ја возат таа им наметнува правило да не можат да ја погледнат. Се разбира, тие не можат ни да разговараат со неа и нејзиниот багаж никогаш не смее да ја допре земјата. Ако се случи само една од овие работи, таа ќе се погрижи возачот на смена да биде отпуштен. Дури и да ја погледнете во ретровизор додека возите, таа ќе ви каже дека се обидувате да ја шпионирате и ќе ве отпушти. Ги кажувам овие работи затоа што ги знам. Татко ми работи во таа компанија за шофери. Тој секогаш одбива да ја вози кога таа ќе дојде во градот. Тоа е затоа што знае како ги отпушти некои од неговите колеги“ – пишува корисник на Тик Ток одговарајќи на прашањето „која позната личност била злобна или груба со тебе“.

Сепак, очигледно е тешко да се добие доказ дека овие приказни одговараат на вистината.

Слични објави

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо
Се вчитува....