7.8 C
Скопје
05:00 - 2 април, 2026

Џејми Дорнан ќе биде новиот Џејмс Бонд? „ЉУБОМОРАТА Е БОЛЕСТ ВО НАШАТА КУЛТУРА, ОСОБЕНО ВО МОЈАТА РАБОТА“

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? По Даниел Крег, веќе се бара нов актер кој ќе стане следниот гламурозен таен агент. Него би можел да го игра Џејми Дорнан.

По големиот успех на трилогијата „Педесет нијанси сиво“, сега ирскиот актер собира признание од критичарите за неговата возбудлива улога во „Белфаст“, во режија на Кенет Брана.

Џејмс Бонд претходно го играа Шон Конери, Дејвид Нивен, Џорџ Лазенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и на крајот Даниел Крег. Џејми Дорнан би бил идеалниот кандидат да го игра тајниот агент.

Во неодамнешното интервју за Esquire, Џејми Дорнан зборуваше за можноста да го игра Џејмс Бонд. Актерот призна дека би бил малку загрижен доколку биде следен Бонд зашто станува збор за легендарна улога во добро позната франшиза која гарантира светска гледаност. Тој особено се плаши од негативноста што доаѓа со улогата: „Предрасудите се толку е*ена болест. Тоа е болест во целата наша култура. Во мојата работа, секако. Но, генерално, луѓето ги оценуваат луѓето врз основа на било што, и тоа е многу тажно. Погледнете ја реакцијата кога Роберт Патинсон беше избран за улогата на Бетмен. Имаше 90% негативни коментари“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Dornan (@jamiedornan)

Зборувајќи за искуството од играњето на иконскиот Џејмс Бонд и различните имиња на актерите кои би можеле да ја играат улогата, Џејми Дорнан вели: „Забавно е и одлично е да се биде во комбинација за вакви работи. Мислам дека е многу транспарентно во однос на тоа што ако ја погледнете таа листа, нема човек на таа листа што нема содржина во моментот што оди добро“.

Сепак, вели деак доколку добие таква можност, не би ја одбил. За сега, конкуренти му се Едрис Елба и Двејн Џонсон за кои исто така се зборува дека се потенцијални кандидати за улога на тајниот агент.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....