5.8 C
Скопје
02:10 - 1 април, 2026

„Џеј се препушти на пороците по разводот“: Поранешниот сопруг на Аница Добра за животот и љубовта на Рамадановски

Вчеравечер во омилениот локал на покојниот пејач беше прикажан трејлерот за филмот за Џеј Рамадановски, а на проекцијата присуствуваше и неговиот близок пријател, Миќа Совтиќ.

Миќа Совтиќ, принтскрин

Миќа, поранешниот сопруг на актерката Аница Добра, со децении негувал блиско пријателство со легендарната музичка ѕвезда, а во интервју за српски Информер откри малку повеќе за пицеријата во која се прикажуваше премиерно трејлерот за филмот насловен „Недела“:

– Во овој бар овде Џеј го поминуваше своето време секој ден. Од сабајле кога доаѓаше на кафе, па во текот на целиот ден седеше тука. Секој ден имаше по една анегдота, и тоа толку многу анегдоти, што сега не би знаел ни што да ви раскажам.

– Неговиот живот секој ден беше составен од некаква шега, некоја акција. Секој ден доаѓаше некое ново друштво. Ги обедини сите краеви на Белград, сите го сакаа. Овде доаѓаа луѓе од Босна, Америка. Сите тие луѓе ме познаваа, затоа што тој постојано зборуваше за мене. Тој беше човек кој ги сакаше луѓето и поминуваше многу време со нив.

Совтиќ откри и кога се родило пријателството меѓу Рамадановски и него:

– Се запознавме како деца. Се собравме по улиците на Дорчол. Јас сум малку постар од него. Во осумдесеттите станавме блиски пријатели. Бевме многу приврзани.

Го прашавме каков е сопственикот на безброј домашни музички хитови како пријател.

– Џеј беше вистински пријател. Никој не ме сакаше како тој. Имав голема доверба во него. Беше убаво да се поминува време со него бидејќи тој беше чист во тоа дружење. Изгубив многу со тоа што го изгубив. Џеј беше добар за сите, освен за себе. Имаше многу пари и сето тоа го потроши на своите пријатели. Беше голем кавалер. Со себе во кафеани влечеше по 10, 15 луѓе. Покрај него никој не беше гладен.

За љубовниот живот на пејачот на хитот „Упалите за мном свече’, многу се пишуваше, а Миќа објасни дека Џеј и тоа како бил сакан од страна на жените.

– Тој секогаш беше опкружен со убави жени, а не знам дали биле вљубени во него. Тој беше голем заводник, беше мамка. Се лепеа за него. Имаше харизма со која ги привлекуваше жените. Џеј беше среќен. Доживеа да има внуци, ќерките му се омажија. За него најголема среќа беше семејството. Тој почна со пороци кога се разведе од Нада – вели Миќа Совтиќ за српски Информер.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....