7.8 C
Скопје
20:57 - 31 март, 2026

Џамбо Агушев е горд татко на четири деца, оваа емотивна приказна ја сподели за неговата мала убавица

Легендарниот трубачЏамбо Агушев, кој по потекло е од Струмица, речиси никогаш не се појавува во јавноста со сопругата со која веќе 15 години е во брак. Сопругата на Џамбо се вика Асена, таа е Турчинка која живеела во Германија. Се запознале на еден негов настап во Германија. Џамбо ја заблежал во публика, му се допаднала, и ја поканил на состанок.

Кралот на трубата, Исеин Озден, кој во јавноста сите го знаат како Џамбо Агушев, има четири деца – три ќерки и еден син.

Најстара е ќерката Севги која има 15 години,  па синот Мерт кој сега има 10 години, па со сопругата добиле уште две девојчиња – Мелинам која има 4 и најмалата ќерка, Алина која има две години. Токму ќеркта Мелинам слави роденден, кој гордиот татко со овие емотивни зборови ѝ го честиташе.

„Моја драга ќерко Мелинам,  моментите кога ги држеше моите прсти со твоите ситни рачиња се во моите мисли како да беше вчера.

Моја мала принцезо, иако полека растеш, секогаш ќе останеш во моето срце и очи како мојата мала слатка ќеркa. Среќен роденден, драго ми е што те имам, моја драга, љубов моја“, напиша Џамбо на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

Слични објави

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....