03:32 - 7 ноември, 2026

Девојката на Леонардо Дикаприо во целосно проѕирен фустан ги засени другите убавици на забавата пред Мет Гала

Бројни познати ѕвезди се собраа во пресрет на Мет Гала во Њујорк, а еден од настаните пред главната модна вечер на годината беше и забавата организирана од медиумскиот магнат Џеф Безос и неговата партнерка Лорен Санчез.

На забавата пристигнаа убавици како Кендал Џенер, Џорџина Родригез, Брукс Недер, како и тениските легенди Серена Вилијамс и Венус Вилијамс. Сепак, италијанската манекенка Виторија Черети беше во центарот на вниманието поради нејзиниот моден избор.

27-годишната убавица носеше смел црн проѕирен фустан со интересни цветни детали, потпишан од Chanel. Фустанот имаше длабок V-изрез, додека долниот дел драматично паѓаше, нагласувајќи ја нејзината завидна фигура. Изгледот го надополни со едноставна брановидна фризура и суптилна шминка, додека во рака држеше црна ташна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

Сепак, не можеше да не се забележи дека на забавата пристигна сама и, како што пишуваат странските медиуми, не баш расположена, додека нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Леонардо Дикаприо, не присуствуваше на настанот. Черети и Дикаприо се заедно повеќе од две и пол години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vittoria Ceretti (@vittoria)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....