04:41 - 7 ноември, 2026

Маркантниот турски актер што го глумеше Езел, ја запросил сопругата на исклучително симболичен датум

Турскиот глумец Кенан Имирзалиоглу кој се прослави со улогата во култната серија „Езел“ и неговата сопруга Синем Кобал важат за еден од најскладните парови на турската јавна сцена, а повторно го привлекоа вниманието на јавноста откако актерката сподели трогателен спомен од првите денови од нивниот заеднички живот.

Она што многумина не го знаеле е дека Кенан Имирзалиоглу ништо не препуштил на случајноста кога решил да ја запроси својата колешка. Запросувањето се случило на исклучително симболичен датум – точно една година откако првпат ѝ ги кажал зборовите дека се вљубил во неа.

Синем Кобал искрено зборуваше за тоа што ја прави нивната врска посебна. „Навистина е голема среќа да ја пронајдеш сродната душа во животот, и двајцата бевме подготвени целосно да му се посветиме на овој брак“, изјавила актерката. Парот се венчал во 2016 година, а во октомври 2020 година ја добиле ќерката Лалин.

Приватноста како привилегија

И покрај огромната слава, Кенан и неговата сопруга успеваат да ја задржат интимата далеку од очите на јавноста, што денес ги прави уште поинтересни. Кенан Имирзалиоглу по последната серија во 2018 година се повлече од телевизиските екрани, но токму таа мистериозност и понатаму ја држи публиката заинтересирана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sinem Kobal (@sinemkobal)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....