6.8 C
Скопје
17:22 - 18 декември, 2024

Детали за разводот на Шанен Доерти и Курт Исвариенко: „Беа разделени од јануари“, еве ги причините

Глумицата Шанен Доерти и нејзиниот сопруг Курт Исвариенко со кого е во брак 11 години, моментално се на насловните страници а причината е нивниот развод. Ѕвездата на хит серијата Беверли Хилс, 90210, Шанен, која се бори со четврти степен на рак, сега поминува низ уште едно тешко искушение, а веќе поднела документи за развод во судот во Лос Анџелес.

Според извештаите, во официјалните документи пишувало дека парот бил разделен со месеци, од јануари. Претставникот на Шанен изјави за американски таблоид дека „Разводот е последното нешто што Шанен го сака. За жал, таа почувствува дека нема друга опција.

Двојката се венчаше во 2011 година, а особено се зближија кога на Шанен ѝ беше дијагностициран рак на дојка.

Зборувајќи за нејзината врска со Курт, Шанен рече: „Курт и јас сега имаме многу подлабоко почитување еден за друг. Не е дека нашиот брак не беше добар. Но, дефинитивно поминувавме низ некои големи болки. Ќе ги заклучевме нештата и наместо да ги решиме, немаше да зборуваме неколку дена“.

Понатаму, таа се отвори за нивните расправии и рече:

„Последниот пат кога имавме голема расправија беше пред ракот. По болеста пак, јас и Курт се гледавме со длабока почит. Тој беше мојата карпа на секој можен начин и се погрижи да знам колку ме сака и цени“.

Во петокот, актерката сподели објава на Инстаграм во која пишува:

„Единствените луѓе кои заслужуваат да бидат во вашиот живот се оние кои ве третираат со љубов, добрина и целосна почит“.

Секако, реченицата кажува премногу – некој мора да покажал недостатоци токму во овие фундаментални концепти што дошло до распаѓање на бракот, а во случајот, според американските медиуми, „вината“ е кај Исвариенко.

И уште една реченица околу разводот кажува многу, фраза што ни овозможува да читаме меѓу редови:

„Можете да контактирате со агентот на Курт, Колиер Грим од PICTUREKID бидејќи таа е интимно вклучена“.

Извори блиски до парот велат дека „треба да претпоставиме дека Курт криел нешто цело ова време, за време на неговата врска со сега неговата поранешна сопруга“. Но за сега нема потврди за емотивната врска на Курт и неговата менаџерка (лично засегната во случајот), официјална е само потврдата дека поднесени се документите за развод.

Истите извори велат дека за Шанен нема да биде лесен период за справување. На актерката не и е добро од здравствена гледна точка и разводот во овој период е тешко поднослив за неа. Стресен настан кој уште повеќе ѝ го отежнува животот.

Инаку, првиот брак на Шанен беше со колегата актер Ешли Хамилтон, син на Џорџ Хамилтон. Тие се венчаа на 11 октомври 1993 година и поднесоа барање за развод неколку месеци подоцна во април 1994 година. Во 2003 година, таа се омажи за сопственикот на онлајн-коцкарница и покер играч Рик Саломон. Сепак, нивниот брак траеше помалку од една година. Подоцна Шанен повторно најде љубов во Курт Исвариенко и се оженија во Малибу во 2011 година. Нивниот брак траеше 11 години, но тие не основаа семејство.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....