0.8 C
Скопје
13:20 - 18 јануари, 2025

Демначот на Шакира е на слобода, пејачката планира бегство на Флорида со децата

Шакира не претпоставуваше дека работите може да се влошат по разделбата од Жерар Пике, но сега се соочува и со други проблеми… Според шпанските медиуми Шакира планира бегство на Флорида, со децата, барем за годишниот одмор, да биде што подалеку од Барселона.

Ова не се лесни денови за Шакира, која се бори со својот живот по болната разделба со Жерар Пике. Крајот на врската што се подготвуваше со месеци, со обидите на колумбиската пејачка повторно да ги спои парчињата од искршената љубовна чаша- (барем неколку пати се обиде од почетокот на годината) – а сепак фудбалерот на Барселона се повеќе се оддалечуваше од таа љубов што траеше 12 години, што изгледаше како вечна бајка, а наместо тоа беше само сјајна илузија. По откриените неверста на фудбалерот, немаше повеќе место за назад. И така, се случи разделбата а тој се врати да живее во својата ергенска куќа.

Шакира остана сама и растргната помеѓу децата, Милан и Саша, и кариерата што треба да се продолжи. Но, тука е и грдото лице на успехот и славата – сите знаат каде живеете и дека сега сте самохрана мајка, со тоа и лесна мета на разни демначи.

Во вторникот наутро пејачката се разбуди со изненадување кое навистина не сакаше да го најде: пред врата ја чекаа различни љубовни пораки.

Според шпанските медиуми, полицијата – иако интервенирала – не можела да го спречи авторот на пораките, кој се уште е на слобода. И тој продолжува да ја демне Шакира.

Сето ова секако не ѝ помага на Шакира да ги метаболизира емотивните пресврти во нејзиниот живот и затоа пејачката со нетрпение чека да ја напушти куќата во Барселона во која живее со своите деца, да се пресели во Мајами. На крајот, Шакира и никогаш не беше добро прифатена во средината на Пике, во Барселона, а нетрпението со мајката на Пике секојдневно растеше.

Но, желбата на Шакира за бегство мора нужно да помине низ зеленото светло на 35-годишниот поранешен партнер, бидејќи ако е вистина дека тие никогаш не се венчале, подеднакво е точно дека одлуките за двете деца ќе мора да се споделат. Па, според она што го тврдат шпанскте медиуми,  голема е веројатноста идниот дом на Милан и Саша да биде предмет на правна битка, со суд повикан да воспостави права и должности. Двете деца се веќе на училишен одмор, и сега ништо не ја спречува мајката да ги однесе во Мајами за да уживаат на плажата и морето на Флорида барем неколку месеци.

Слични објави

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо
Се вчитува....