09:21 - 14 февруари, 2026

Деми Мур: „Глупост е правилото дека како што стареат жените не треба да носат долга коса“

За Деми Мур (59), долгата коса е повеќе од само зголемување на самодовербата – тоа е нејзиниот начин да ги разоткрие патријархалните митови кои сè уште имаат влијание врз жените. Кој рече дека со годините, жената подобро е да си ја пресече косата?

Деми Мур (59) во интервју за списанието People за лансирањето на нејзината линија на костими за капење за брендот Andie, за кој исто така беше и модел, зборува за нејзината сега легендарна долга коса.

Таа открива дека што се однесува до косата, во животот била како камелеонка, но дека сега ужива и се чувствува удобно со долга „гавран грива“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Направив се за мојата коса. Ја избричив. Ја обоив. Ја носев во форма на кацига“… вели Мур и објаснува дека сега најдобро ѝ прилега долга коса која не ја мие премногу често но смета и дека конзумирањето на здрава храна придонесува за сјај и квалитет на косата.

Деми Мур, која дури и ја избричи главата за потребите на снимањето, (во 1997 година), вели дека во овој момент од нејзината кариера би било тешко да направи уште еден толку драстичен потег. „Мислам дека сега, немам што да докажувам. Значи, ако навистина треба косата да биде поинаква за снимање на филм, можат да ми дадат перика“, вели таа за People,.

Таа денес е голема противничка на правилото „како годините се зголемуваат, косата треба да биде пократка“. И нагласува дека „не се чувствувам удобно со правила кои се чини дека немаат вистинско значење или оправдување“.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го возеше синот на квад: „Ах како се ужива“

Е.А.

Хороскоп за 14 февруари: Јарците ќе впловат во страсна врска, Близнаците ќе зрачат со еротска енергија

Еспресо

Весна Змијанац во одбрана на Милица Тодоровиќ: „Тој знаел што прави“

Еспресо

(Фото) Водителката на „Амиџи шоу“ се пресели во луксузен стан – мермерна маса од 200 кг, ентериерот е прекрасен!

Еспресо

(Фото) Хрватките полудеа по типот во бела маица од бекстејџот на „Дора“: Еве кој е тој

Еспресо

Хоспитализиран таткото на Милица Тодоровиќ, иако одбивал лекарска помош: Потегот на мајката на пејачката сè уште се прераскажува

apostolova
Се вчитува....