13.8 C
Скопје
12:43 - 30 октомври, 2026

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Познатиот фолк-пејач Дарко Лазиќ, кој претходно направи драстична трансформација во изгледот и ослабе речиси 90 килограми, покажа дека естетските и козметичките третмани воопшто не му се страни.

Иако пејачот е познат по тоа што има страв од игли, неговата сопруга Катарина Лазиќ на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од ординација, на која се гледа како лекарот му ги пополнува ситните брчки на лицето.

„Инаку Дарко се плаши од игла, но секако дека докторот и јас го натеравме повторно да направи ботокс“, напиша Катарина во описот на објавата.

Каќа неодамна отворено зборуваше и за физичката активност на нејзиниот сопруг, откривајќи дека Дарко често знае да оди од крајност во крајност кога се во прашање тренинзите, вежба неколку дена по ред до воспаление на мускулите, па потоа целосно прави пауза. Сепак, поддршката од сопругата не изостанува ниту во теретана, ниту во козметичките ординации.

Слични објави

Каде да прошетате викендов? Три предлози за еднодневен излет во близина на Скопје

К.С.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

Дневен хороскоп за 30 октомври: Обрнете внимание на деталите што би можеле да предизвикаат недоразбирање

apostolova

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.
Се вчитува....