7.8 C
Скопје
23:02 - 31 март, 2026

Дара Бубамара го моли фризерот да ја смири со Карлеуша: Сака средба лице в лице

Пејачката Дара Бубамара со сите сили се обидува да се смири со колешката Јелена Карлеуша, преку заедничкиот фризер кој треба да ја организира нивната средба.
Според извор близок до Дара, пејачката не крие дека сака да ја обнови комуникацијата со Јелена, но сака сè да се случи мирно и дискретно.

– Дара сфати дека конфликтите со Јелена веќе немаат смисла. Поради заедничките пријатели, колеги, но и професионалната почит, таа е подготвена да го направи првиот чекор. Таа побара преку заедничкиот фризер да закаже средба со Карлеуша, за да можат да разговараат лице в лице и да се обидат да ги расчистат сите недоразбирања што ги мачат со години – открива извор близок на Дара.

Пејачките беа во сериозен конфликт, иако накратко се смирија пред неколку години по повод концертот на Дара во Арената. Сепак, односите повторно се заладија.

– Дара рече дека животот е премногу краток за стари несогласувања и дека жали што дозволиле естрадните приказни да ги разделат. Смета дека би било убаво конечно да стават крај на сè и можеби дури и повторно да запеат заедно на некој настан, само за да покажат дека се над сè – додава изворот, пренесува Информер.рс.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....