17:54 - 21 ноември, 2026

Цеца откри детали од породувањето на Анастасија во Севиља: „Сакаше да се породи природно, но не беше можно“

Анастасија Ражнатовиќ пред неколку дена се породи во Севиља и на свет го донесе синот Илијан, а нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ откри детали од породувањето и истакна колку е горда на својата ќерка, пишува Grand.rs.

Цеца нагласи дека со Анастасија била во постојан контакт за време на бременоста и по породувањето, како и дека често се советувале за сè.

– Анастасија и јас постојано се слушаме, навистина се советуваме за сè. Нашиот разговор траеше подолго кога се породи. Таа сакаше да се породи по природен пат, но на крајот тоа не беше можно, па породувањето заврши со царски рез. Тоа е сосема нормална работа за една жена. И јас поминав низ тоа, а сега и таа. Таа е храбра млада жена и многу сум горда на неа – изјави Цеца пред камерите на Grand.rs.

Пејачката особено нагласи колку ѝ значела поддршката што Анастасија ја имала од семејството на нејзиниот сопруг Немања Гудељ.

– Немања и свекрвата цело време беа покрај неа, а тука беа и свекорот, деверот Драгиша и золвата Вања. Како семејство не се одвојуваа од неа. Тоа е совршен пример за тоа како функционира едно здраво семејство. Никој од нашето семејство не беше таму, но тие ѝ беа вистинска поддршка и многу сум им благодарна. Тие сега се нејзиното семејство – истакна Цеца.

Цеца призна и дека очекувала последните месеци од бременоста да ѝ бидат потешки на Анастасија, но ќерка ѝ ја изненадила со својата енергија и ведар дух.

– Мислев дека во последните месеци Анастасија ќе биде „тромава“ поради тежината и сè што носи бременоста, бидејќи тоа им се случува на повеќето трудници. Но, таа излегуваше на вечери, носеше високи потпетици, беше подвижна и полна со енергија. Во текот на целата бременост беше посебна и храбра – додаде Цеца.

Слични објави

(Фото) Саша Ковачевиќ ѝ остави јавна порака на поранешната на Инстаграм! Фаталната русокоса го прослави 33. роденден, а еве што ѝ напиша

Еспресо

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.

(Фото) Српската естрада денеска го слави Свети Архангел Михаил: Сармите на Брена им се омилени на сите, Чолиќ оди во црква со ќерка си, Неда го собира семејството на ручек

Еспресо

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.
Се вчитува....