6.8 C
Скопје
19:23 - 19 февруари, 2026

ПРИНЦ ЧАРЛС ГИ ПОВИКАЛ ХАРИ, МЕГАН И ДЕЦАТА ДА ПРЕСТОЈУВААТ КАЈ НЕГО: На принцот му недостигаат внуците, тажен е!

Принцот Чарлс им подаде рака на помирување на својот син, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, и ги поканил да дојдат кај него при нивната следна посета на Велика Британија, изјавил кралски извор за Мирор.

Принцот од Велс изразил желба да помине квалитетно време со своите внуци, бидејќи не го видел Арчи од свооите шеста месеци, а не ја запознал ниту својата внука Лилибет, која се роди во јуни минатата година.

Тој ја дал оваа понуда за повторно обединување на семејството на Бадник, но понудата била  доведена во прашање откако Хари рекол дека враќањето ќе биде „преголем личен ризик“ за безбедноста – негова и на неговото семејство бидејќи ја изгубиле полициската заштита со напуштањето на кралска фамилија. Кралското семејство, пак, верува дека Хари и Меган дефинитивно ќе се потрудат да присуствуваат на настаните поврзани со прославата на платинестиот јубилеј на кралицата во јуни.

Сепак, принцот Хари, наводно, им потврдил на членовите на кралското семејство дека ќе присуствува на комеморацијата за неговиот покоен дедо, принцот Филип, но се покажа дека војводата од Сасекс „не може да се врати дома“ откако неговата одлука да го напушти кралското семејство го лиши од правото на полициска заштита што го уживаа членовите на кралското семејство.

Хари одлучи да ја тужи британската влада и поднесе молба за преиспитување на одлуката, што може да доведе и до тужба. Извори блиски до кралското семејство открија дека принцот од Велс имал неколку срдечни видео повици со неговиот син, со Меган и децата во последните неколку месеци.

„Принцот од Велс е тажен што нема можност да помине време со своите внуци, тоа навистина му недостасува. Тој е фантастичен дедо и неизмерно ја сака таа улога. Се чувствува како да пропушти нешто во животот затоа што немал шанса да ги запознае децата на Хари. Сепак, тој се надева дека работите ќе се поправат, па затоа ги поканил Хари, Меган и децата да останат со него ако сакаат, кога повторно ќе дојдат во Британија“- открива кралскиот извор.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....