11.8 C
Скопје
15:43 - 21 април, 2026

Бронзен медал за Андреас Трајковски во скок во далечина на Балканијадата: „Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија“

Со скок од 7.75 метри, македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, на Балканијадата во Краљево го освои 3-то место во скок во далечина, а и бронзен медал за Македонија. Сѐ до последната 6-та серија, Андреас беше на првото место и на чекор до освојување на златен медал, но српските атлетичари, Страхиња Јованчевич (7.89 метри) и Лазар Анич (7.78 метри), се најдоа на првите две места, благодарение на нивните најдобри скокови во последната серија.

Андреас Трајковски одлично го започна натпреварувањето, кога ја отвори првата серија со скок од 7.67 метри, во втората серија прескокна 7.62, во третата 7.72 до кога беше и на водечката позиција, но потоа натпреварувањето беше прекинато еден час заради невремето, кое го зафати Краљево.

По паузата, во четвртата серија прескокна 7.55, а во петтата серија го потврди до тогаш водечкото прво место со скок од 7.75 метри. Трајковски во шестата серија немаше сили за да ги надмине скоковите на српските натпреварувачи и се најде на третото место.

Медалите на најдобрите скокачи им ги додели Европскиот рекордер во скок во далечина, Роберт Емиан.

Ова е уште еден одличен успех за македонскиот спорт и Андреас. Ова е негов втор бронзен медал од Балканијадите, првиот го освои на Балканијадата во сала во 2022 година.

„Многу сум среќен поради мојот бронзен медал од Балканското првенство во Краљево, но се надевав дека ќе победам, затоа што бев во водство во првите пет серии. Мојата форма е константна и никогаш досега во кариерата не сум бил вака подготвен. Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија и што покажав дека сум меѓу најдобрите скокачи во Европа. Продолжувам и понатаму со засилено темпо и кон нови успеси и победи,“ изјави Андреас по освојувањето на бронзениот медал.

 

Слични објави

„Децата знаеја пред мене“: Харис Џиновиќ си ја отвори душата за разводот од Мелина

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо
Се вчитува....