11:40 - 10 ноември, 2026

Интимната сцена од блокбастерот „Опенхајмер“ предизвика контроверзии во Индија

Најновиот блокбастер „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан предизвика контроверзии меѓу хиндуистичката десница во Индија, пренесува CNN, а некои повикаа на бојкот на филмот и отстранување на секс сцената во која насловниот лик изговара позната реплика од светите списи на таа религија.

Филмот ја следи приказната за атомската бомба низ очите на нејзиниот творец Роберт Опенхајмер, а бо гореспоменатата секс сцена се актерот Силијан Марфи и Флоренс Пу. Пу застанува за време на сексуалниот чин и зема копија од Бхагавад Гита, едно од најсветите списи на хиндуизмот, и му вели на Марфи да чита од неа.

„Сега станав Смрт, уништувач на светови“, вели ликот на Опенхајмер додека тие го продолжуваат сексуалниот однос.

Сцената предизвикала бес кај некои десничарски групи, а еден политичар од индиската хиндуистичка националистичка партија Бхаратија Џаната го нарекол филмот „вознемирувачки напад врз хиндуизмот“.

Критичарите му дадоа одлични критики на филмот, а луѓето се собираат во кината за да го гледаат. „Опенхајмер“ во Индија заработи повеќе од три милиони долари во првиот викенд на прикажување во Индија, додека долгоочекуваната „Барби“ во режија на Грета Гервиг, која во исто време беше отворена во кината, заработи нешто повеќе од еден милион долари.

Филмскиот одбор на Индија му даде на „Опенхајмер“ оценка U/A, која е резервирана за филмови кои содржат умерени теми за возрасни и може да ги гледаат деца под 12 години со родителски надзор. Засега нема забрани за филмот во ниту една држава и федерални територии во земјата, пишува CNN. Ова не е прв пат хиндуистичката десница да биде навредена од филм, телевизиско шоу или реклама за прикажување на хиндуизмот.

Сиијан Марфи изјави дека ја читал Бхагвад Гита додека се подготвувал за улогата.

„Мислам дека тоа е апсолутно прекрасен текст, многу инспиративен. Верувам дека за Опенхајмер била утеха, на некој начин тоа му било потребно и му давалоголема утеха, цел живот“, изјави тој во интервјуто со индиската филмска критичарка Сучарита Тјаги. Опенхајмер, кој е познат како „таткото“ на атомската бомба, бил привлечен од хиндуизмот и неговите учења, а го владеел и санскритот.

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....