37.8 C
Скопје
18:42 - 21 август, 2026

Бронзен медал за Андреас Трајковски во скок во далечина на Балканијадата: „Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија“

Со скок од 7.75 метри, македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, на Балканијадата во Краљево го освои 3-то место во скок во далечина, а и бронзен медал за Македонија. Сѐ до последната 6-та серија, Андреас беше на првото место и на чекор до освојување на златен медал, но српските атлетичари, Страхиња Јованчевич (7.89 метри) и Лазар Анич (7.78 метри), се најдоа на првите две места, благодарение на нивните најдобри скокови во последната серија.

Андреас Трајковски одлично го започна натпреварувањето, кога ја отвори првата серија со скок од 7.67 метри, во втората серија прескокна 7.62, во третата 7.72 до кога беше и на водечката позиција, но потоа натпреварувањето беше прекинато еден час заради невремето, кое го зафати Краљево.

По паузата, во четвртата серија прескокна 7.55, а во петтата серија го потврди до тогаш водечкото прво место со скок од 7.75 метри. Трајковски во шестата серија немаше сили за да ги надмине скоковите на српските натпреварувачи и се најде на третото место.

Медалите на најдобрите скокачи им ги додели Европскиот рекордер во скок во далечина, Роберт Емиан.

Ова е уште еден одличен успех за македонскиот спорт и Андреас. Ова е негов втор бронзен медал од Балканијадите, првиот го освои на Балканијадата во сала во 2022 година.

„Многу сум среќен поради мојот бронзен медал од Балканското првенство во Краљево, но се надевав дека ќе победам, затоа што бев во водство во првите пет серии. Мојата форма е константна и никогаш досега во кариерата не сум бил вака подготвен. Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија и што покажав дека сум меѓу најдобрите скокачи во Европа. Продолжувам и понатаму со засилено темпо и кон нови успеси и победи,“ изјави Андреас по освојувањето на бронзениот медал.

 

Слични објави

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Активен пар — Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ освоија уште пет врва на Шар Планина

Еспресо

(Фото) Хрватската пејачка Жанамари позираше во бикини, жешките фотографии го „запалија“ интернетот

Еспресо

(Фото) Неверојатно си личат! Ова е сестрата на Душко Тошиќ, која ретко ја гледаме во јавноста

Еспресо

Јордан Митев по 25 години случајно ја пронајде ученичката книшка и се потсети на едно поинакво време

Еспресо

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova
Се вчитува....