03:30 - 12 јули, 2026

Бронзен медал за Андреас Трајковски во скок во далечина на Балканијадата: „Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија“

Со скок од 7.75 метри, македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, на Балканијадата во Краљево го освои 3-то место во скок во далечина, а и бронзен медал за Македонија. Сѐ до последната 6-та серија, Андреас беше на првото место и на чекор до освојување на златен медал, но српските атлетичари, Страхиња Јованчевич (7.89 метри) и Лазар Анич (7.78 метри), се најдоа на првите две места, благодарение на нивните најдобри скокови во последната серија.

Андреас Трајковски одлично го започна натпреварувањето, кога ја отвори првата серија со скок од 7.67 метри, во втората серија прескокна 7.62, во третата 7.72 до кога беше и на водечката позиција, но потоа натпреварувањето беше прекинато еден час заради невремето, кое го зафати Краљево.

По паузата, во четвртата серија прескокна 7.55, а во петтата серија го потврди до тогаш водечкото прво место со скок од 7.75 метри. Трајковски во шестата серија немаше сили за да ги надмине скоковите на српските натпреварувачи и се најде на третото место.

Медалите на најдобрите скокачи им ги додели Европскиот рекордер во скок во далечина, Роберт Емиан.

Ова е уште еден одличен успех за македонскиот спорт и Андреас. Ова е негов втор бронзен медал од Балканијадите, првиот го освои на Балканијадата во сала во 2022 година.

„Многу сум среќен поради мојот бронзен медал од Балканското првенство во Краљево, но се надевав дека ќе победам, затоа што бев во водство во првите пет серии. Мојата форма е константна и никогаш досега во кариерата не сум бил вака подготвен. Среќен сум што ѝ донесов медал на Македонија и што покажав дека сум меѓу најдобрите скокачи во Европа. Продолжувам и понатаму со засилено темпо и кон нови успеси и победи,“ изјави Андреас по освојувањето на бронзениот медал.

 

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....