16.8 C
Скопје
12:57 - 26 март, 2026

Брена и Боба поставиле покрив на нелегално градена вила, чија изградба била прекината пред три години

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ поставиле покрив на нелегално изградена зграда на Бежанијска Коса, чија изградба била прекината во 2023 година, пишува српски „Информер“.

Пред три години, Лепа Брена и Боба почнале да градат зграда во рамките на својот двор. Познатиот пар тогаш бил обвинет за нелегална изградба на куќа на парцела во сопственост на државата.

Екипата на „Папарацо лова“ ја снимила од птичја перспектива сегашната состојба на зградата, чија изградба била прекината пред три години. Во меѓувреме, пејачката и нејзиниот сопруг поставиле привремен покрив на зградата, за да не пропадне она што го изградиле.

Инспекцијата своевремено излегла на терен и ги стопирала работите. Според неофицијални информации, Третото основно обвинителство во Белград поднело обвинение против позната брачна двојка поради сомнение дека од 2019 до 2020 година биле инвеститори на објект во Нов Белград која бил граден без градежна дозвола.

Судската постапка сè уште е во тек, бидејќи, како што објавиле српските медиумите, станува збор за нелегална градба на градско земјиште, а во меѓувреме зградата е покриена, со цел да се спречи нејзина амортизација.

Брена и Боба во 2023 година, за да избегнат затвор, морале поединечно да платат казна од најмалку половина милион динари и истото дело да не го повторат во следните две години.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Харис Џиновиќ во љубовен занес: Ѓина ужива во Барселона со мистериозен маж

Еспресо

(Видео) „Не сум парче месо“: Стојне Николова се отвори за тоа како мажите ја гледаат

Еспресо

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо
Се вчитува....