12:36 - 7 ноември, 2026

Брега му дал совет на Сергеј Трифуновиќ: „Бракот не ги решава проблемите“

Популарниот глумец Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за семејно насилство.

Според извори на српски Курир, полицијата интервенирала синоќа откако актерот се скарал со сопругата Исидора.

Наводно таа се заканувала дека ќе искрши се во куќата, а за се било известено и Второто основно јавно обвинителство.

Инаку, Сергеј Трифуновиќ во мај годинава ѝ се заколна на вечна љубов на својата избраничка дури и пред Бога. Исидора е помлада од него 23 години, а неодамна направија и граѓанска венчавка во Белград.

Еден месец по црковната венчавка, Сергеј даде само една изјава и го откри советот на Горан Бреговиќ.

– Вели: „Што, брак? Немој да го правиш тоа пред да наполниш 50 години, не е добро ниту за тебе, ниту за жена ти, ниту за твоето дете, не го прави тоа пред да наполниш 50 години“. Така, јас всушност го послушав Бреговиќ – рече Сергеј, а потоа го изнесе и шокантниот заклучок:

– Бракот за многумина е затвор. Значи, бракот сам по себе не решава ниту еден ваш проблем доколку ги имате. Мора да се справите со проблемите и подобро е во брак да влезете без нив – изјави Сергеј за „Уна“.

Да потсетиме, сопругата на актерот Сергеј Трифуновиќ, Исидора Мијановиќ моментално се наоѓа во имиграцискиот центар, пренесуваат српските медиуми.

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство, вистинска драма се одвивала во станот, еве што се случило!

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....