17:27 - 26 ноември, 2026

Бред Пит ѝ одговори на Анџелина Џоли за јавното понижување: „Нема да успее“

Јавната војна меѓу холивудските поранешни партнери Анџелина Џоли и Бред Пит продолжува. Овој пат камен на сопнување е Шато Миравал. Шато Миравал е лозје во регионот Прованса, јужна Франција, кое било во заедничка сопственост на парот и оттогаш остана во фокусот на нивната конфронтација.

„Од Џоли се бараше да не го продава својот удел во семејниот приватен дом и бизнисот со вино без согласност (на Бред). Сепак, таа го направи тоа тајно, преку наводната продажба на Тенуте дел Мондо, ентитет контролиран од рускиот олигарх Јури Шетлер“ – вели инсајдер за американските медиуми.

За возврат, Џоли одговори дека „постапките на Бред се несериозни, злонамерни и проблематичен модел на реакција“.

„Тврдењата на Пит дека тој и г-ѓа Џоли имале таен, непишан, премолчен договор да се согласат за продажба на нивниот имот се во директна спротивност со пишаните документи“, се вели во тужбата поднесена од поранешната инвестициска фирма на Џоли „Нувел“.

Пит исто така беше обвинет дека потрошил милиони долари на неуспешни проекти во лозјето, вклучително и изградба на студио за снимање и реновирање на базен.

Адвокатите на Џоли го критикуваа актерот што се нарекува себеси винар, наместо тоа изјавија дека „тргува со илузии, а не со кал и грозје“.

Конечно се огласи Пит, велејќи дека Џоли „се обидува се да земе под своја контрола, ама во тоа нема да успее“.

Слични објави

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.
Се вчитува....