12.8 C
Скопје
16:32 - 20 февруари, 2026

„Бомба“ го загрозува кралското семејство, Чарлс бесен на дрскоста на Вилијам: Хари е само капак на сè 

„Завршница“ – новата книгата на познавачот на вританското кралско семејство Омид Скоби, која ја виде светлината на денот во вторникот, дава драматична слика за односот меѓу кралот Чарлс и неговиот постар син Вилијам. Во книгата, меѓу другото, се наведува дека принцот Вилијам (42) смета дека кралот не е „доволно компетентен“ правилно да се справи со скандалот околу војводата од Јорк, односно принцот Ендру. Скоби додава дека принцот не можел да разбере зошто татко му од самиот почеток не зазел цврст став против војводата.

„Вилијам не мисли дека неговиот татко е доволно компетентен да владее. Иако делат исти интереси, нивниот стил на владеење е сосема поинаков“, рекол извор близок до принцот.

Инстаграм

Според книгата на Скоби, кралот е бесен поради дрскоста на Вилијам и често верува дека тој намерно дава одредени коментари бидејќи се обидува да го замени.

Скоби тврди дека Кенсингтонската и Бакингемската палата станале „кошница на спротивставени ставови и различни идеи за тоа како да се модернизира кралството“, бидејќи секоја страна има различен пристап.

Од друга страна пак, како што наведува авторот на книгата, „принцот Хари е аутсајдер“.
Биографот дава детали за речиси изгубената врска меѓу принцот Вилијам и принцот Хари, тврдејќи дека постариот брат смета дека помладиот „повеќе не е корисен, ниту за одвлекување на вниманието ниту како колатерална штета“.

инстаграм

„Разочаран од животните избори на Хари, Вилијам го гледа својот брат како аутсајдер. Особено по објавувањето на мемоарите на Хари, кои не само што даваа детали за одлуката на семејството да се повлече од своите кралски улоги, туку и за улогата на Вилијам во сето тоа“.

„Вилијам сакаше да се дистанцира од својот брат уште за време на склучување на бракот на Хари со Меган, која тогашниот војвода од Кембриџ не ја сакаше уште од самиот почеток“, тврди Скоби.

Скоби го опишува кралот како „неодлучен и темпераментен“. И наведува дека неговото релативно кратко владеење „никогаш нема да го достигне нивото кое го достигнала неговата мајка“.

Во книгата, е наведено и дека кралот бил „навистина тажен“ поради затегнатите односи со Хари и Меган.

„Иако беше лут поради документарната серија на двојката Нетфликс, тој не сакаше луѓето да зборуваат лошо за Хари и неговата сопруга пред него“, пишува авторот.

 

Слични објави

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо
Се вчитува....