15:56 - 27 ноември, 2026

Блиски роднини на починатиот Берлускони откриваат дека неговото тело ќе биде кремирано, а пепелта ќе се чува во мавзолеј

Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до семејството на починатиот поранешен италијански премиер Силвио Берлускони пишува дека неговото тело ќе биде кремирано.

Неговата пепел ќе биде сместена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесува.

По државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони ќе биде вратен во вилата Сан Мартино, во близина на Милано, а телото ќе биде кремирано во крематориумот „Валенсијано Панта Реј“, наведува агенцијата.

Берлускони првично го изградил мавзолејот за себе, за членовите на неговото семејство и за пријателите, но дури подоцна дознал дека законот дозволува телата да се погребуваат само на јавни гробишта.

Сепак, пепелта може да се стави во мавзолеј. Берлускони почина на 12 јуни во 9.30 часот во болница во Милано на 87-годишна возраст.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....