9.8 C
Скопје
14:48 - 31 март, 2026

(Фото) Бизнисменот Милош (66) ѝ го подари срцето на 19-годишната Анабел: Со години ја бара вистинската, а таа го освои со едно нешто

Милош Кант (66), контроверзен швајцарски претприемач со чешко потекло, нашол нова љубов во 19-годишната Анабел, пишува порталот „Expres.cz“, а оваа вест предизвика бура на Инстаграм профилот на оваа млада бринета. Папараците го „уловија“ Кант на романтична прошетка со младата Чехинка за време на филмскиот фестивал во Карлови Вари, па дури добија и негова потврда дека е во нова врска.

инстаграм

„Анабел е прекрасна. Не пие, не се дрогира, нема тетоважи или пирсинг, а нема ни куче, што исто така многу го ценам. Згора на тоа, јас сум среќен што конечно запознав девојка од Чешка бидејќи ми недостига нашиот хумор во Швајцарија“, рече овој 66-годишен бизнисмен за „Експрес“ и продолжи:

инстаграм

„Ја прашав зошто сака да биде со мене, а таа ми одговори дека ѝ одговара мојот карактер и дека добро се забавува со мене. Ми рече и дека ѝ се допаѓа како се грижам за неа и можам да ви кажам дека е неверојатно зрела, исто како да има триесет години“, заврши тој.

инстаграм

Парот се запознал неодамна за време на престојот на Милош во Прага, а оваа 19-годишна девојка дури и го запознала со своите родители, пишува „Нет.хр“. Кант живее во Луцерн, каде ја води најголемата дискотека во земјата, а инаку, е дипломиран архитект.

Да потсетиме, за Кант за првпат објавија медиумите ширум светот во 2019 година, кога ја запроси португалската телевизиска ѕвезда Маргарида Аранја на црвениот тепих во Кан. Убавата Маргарида, која е 38 години помлада од бизнисменот, се согласила на брак, но оваа љубов не траела долго.

Поранешните партнери поради несогласувања дури завршија на суд, а Кант ја нарече патолошка лажливка. Таа изгуби еден од судските спорови и ѝ било наложено да му исплати четири илјади евра за клевета.

Можеби со 47 години помладата Анабел, бизнисменот конечно ќе ја најде среќата.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....