4.8 C
Скопје
04:25 - 28 март, 2026

Бизнисмените не жалат пари: Александра Пријовиќ за три ноќи на приватни забави заработила 100.000 евра

Александра Пријовиќ ја одбележа 2023 година во секоја смисла. Покрај големите концерти кои ги имаше во рамките на турнејата „Од исток до запад“, таа одлично заработи и од неколку настапи на приватни прослави.

Како што дознава српски Курир, некои фирми и бизнисмени не штеделе за да ја доведат Прија да им ја надополни прославата со нејзините песни, па пејачката имала настапи во Белград, и за три вечери пред новогодишната ноќ заработила 100.000 евра за еден час пеење.

Судејќи според овие податоци и бројки, јасно е дека Александра максимално ја искористила својата моментална популарност.

Инаку, пејачката ги сведе на минимум настапите во клубовите за целосно да се посвети на концертите во салите во регионот и со тоа вистински да го оправда епитетот „концертна пејачка“.

Дека успеала во намерата говори и тоа што, според извори на српски Курир, Прија на 8 март ќе пее и во Подгорица, во салата на Спортскиот центар „Морача“, каде концерти одржаа најголемите естрадни ѕвезди на време во осумдесеттите и деведесетите, како што се Лепа Брена, Бијело дугме и многу други.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....