03:20 - 17 септември, 2026

Били Болдвин ѝ врати на Шерон Стоун: „Знам страшни вистини за неа, но молчев!“

Актерот Вилијам Били Болдвин, брат на Алек Болдвин, одговори на тврдењата на Шерон Стоун дека продуцентот Роберт Еванс ја принудил да спие со него за да ја подобри нивната хемија пред камерата. Имам толку многу вознемирувачки и чудни приказни за неа, но молчев…

Холивудската глумица шокираше со веста дека продуцентот Роберт Еванс ја принудил да спие со нејзиниот колега Били Болдвин за да се разгори хемијата меѓу нив – што било неопходно за да се спаси филмот „Sliver“ од 1993 година, а секси сцените да бидат што е можно поверодостојни.

Но, сега се огласи и Били.

„Не сум сигурен зошто Шерон Стоун не сака да престане да зборува за мене по сите овие години? Дали сè уште е заљубена во мене или сè уште е привлечена затоа што бегав од нејзиното додворување? Не ли ѝ кажала на нејзината пријателка Џенис Дикинсон, „Толку ќ се заљуби во мене што ќе му се заврти во главата“. Имам толку многу вознемирувачки и чудни приказни за неа, но молчев. Би можел и јас да напишам книга за сешто, тоа може да биде забавно“ – објави Били на социјалната мрежа Икс.

принтскрин инстаграм

Кавгата меѓу двајцата колеги за Дејли меил за коментираше и Клаудија Грин, во име на Џенис Дикинсон:

„Колку што се сеќавам, Шерон тоа никогаш не ми го кажала. Не сум сигурна зашто Били Болдвин тоа сега го спомнува. Ги обожавам и двајцата, но тоа никогаш не се случило“, вели таа.

 

Слични објави

Сања Вучиќ донесе одлука – пејачката ќе ги трга тетоважите од своето тело

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар не можеа да ја контролираат страста среде емисија – се појави шокантно видео од парот

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум доби своја кукла, инспирирана од нејзиното впечатливо издание во Сараево

Еспресо

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

Бившиот на Јована Јеремиќ прави свадба за 500 гости: Ќе пее половина естрада

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо
Се вчитува....