3.8 C
Скопје
17:57 - 23 ноември, 2024

Бик, карактеристики и тајни: целата вистина за овој хороскопскиот знак!

Ако сте родени помеѓу 21 април и 20 јуни припаѓате на знакот Бик. Бикот е хороскопски знак со друштвен и избалансиран темперамент. Но, тоа не е се. Всушност, планетите за време на своето патување влијаат на сите аспекти на постоењето: јаки страни, недостатоци, сентиментален и професионален живот, пријателства… Еве што ни кажуваат ѕвездите за карактеристиките на Бикот.

Родените во знакот Бик се љубезни, топли и приврзани. Бикот претпочита ден отколку ноќ, конкретност отколку фантазија, сигурност а не неизвесност. Предметите и материјалните работи се од големо значење, дури и се граничат со љубомора. Тој е обично најбавното суштество на светот, прави многу работи, но во корист на квалитетот и личниот интерес. Секој кој има пријател Бик знае дека може да се потпре на доверлива личност. Најмногу сака времето да го поминва на троседатот во дневната соба и се рзбира, во кујната.

Ликот на Бикот

Вториот знак на зодијакот, Бикот, е знак на Земјата. Бикот го претставува апогејот на копнените и пролетните сили, за разлика од Скорпијата која е симбол на распаѓато. Бикот асимилира, Шкорпијата елиминира.

Бикот инстинктивно сака да зема, да складира, да чува. Тој живее во страста на иднината. Бикот има мирен темперамент кој многу бавно се активира, но штом ќе биде активиран, веќе никој не го спречува. Скромно дава доверба и пријателство, но дава се од себе на луѓето во кои верува.

Друштвен е, се интересира за бројни теми, но без внимание. Тој има тенденција да го губи трпението и, кога се чувствува нападнат, неговиот гнев е насилен. Партнерот затоа мора да се труди да не му противречи. Тој тешко би простил и неговата огорченост е упорна. Конзервативен, способен за долги и напорни цели, Бикот ги цени стабилните ситуации: трансформациите не се за него, со оглед на тешкотијата да се прилагоди на новите ситуации.
Неговиот љубовен живот е мирен се додека постои физички договор и додека партнерот не буди љубомора кај него, затоа што едно е јасно: Бикот не поднесува предавство!

Љубов и секс

Спалната соба е и култно место за родените Бикови. Кој не би сакал да има љубовник како него? Телесен, огнен, способен да дава и прима задоволство. Управуван од Венера, тој ги смета чувствата за храна на животот … и тешко да остане во пост! Во неговиот живот не се размислува за осаменост. Тој верува во стабилна заедница, во двојка, во „работите се подобруваат за двајцата“. Маната е што Биковите имаат голема љубомора и голема желба за поседување.

Професија

Меѓу родените Бикови има многу музичари, уметници, архитекти, готвачи и градинари. Бикот го ослободува својот талент во мануелните активности и онаму каде што е потребна посебна чувствителност. Тој е привлечен од култот на убавината, но за разлика од Вагата (со неа владее Венера), тој акцентот го става на одржување на богатството и парите … Па така работата во банка би била совршена за Бикот.

Како неуморен работник, Бикот се приспособува и на „ниски работи“, се додека тие му гарантираат одредена економска сигурност.

Жена Бик

Има одлична женственост, секогаш е нашминкана, со фризура, парфимирана и секогаш има негувани нокти. Таа ретко се гледа со разбушавена коса или со запуштен изглед. Ниска или висока, бринета или русокоса, слаба или буцка, таа ќе направи се за да угоди и заведе, а малкумина ќе можат да одолеат на сензуалноста и радоста што ја ослободува. Нејзиниот карактер, сепак, е покомплексен од оној на мажот Бик: таа е одмаздољубива и знае да биде многу гневна. Таа е одличен водач и сака да ги држи сите работи под контрола. Сака да акумулира: страсни љубови, банкарски сметки и накит.

Како сака?

Со трпение, со жар, а понекогаш и со резигнација, бидејќи има голема слабост: не може да живее без маж. Нејзината причина за живеење? Желбата за неа во машкиот поглед! Љубоморна и посесивна, неверствата ги доживува многу лошо, но ги поднесува во име на децата и за да не ги промени своите навики. Таа многу се грижи за куќата и е подготвена на се за да ја задржи, па ретко се разведува. За неа пријателството е важна вредност.

Маж Бик

Мажот Бик е генерално мал и крупен; Има многу малку високи Бикови, но тие се секогаш поединци со широк врат, чија сила лежи во горниот дел од телото. Ретко може да се види како трча, туку како оди тромо, спокојно, со радост во очите! Тој сака да се смее, да се шегува, да се забавува и лесно да се поврзува со другите. Тврдоглавоста во исто време се негова сила и слабост.

Како сака?

Мора да ги отстраниме сите предрасуди за Бикот: во љубовта, тој е способен за изненадувачка имагинација. Како млад, тој дава зелено светло на својата склоност кон животните задоволства и потоа, еден ден, решава да се смири, да основа семејство и да има деца, барем две, ако не и три! Во љубовта, како и за се друго, не брза, ги прави своите избори и потоа дефинитивно се смирува со својата избраничка. За него тоа се сериозни работи, всушност брзо развива чувства на посесивност и љубомора, кои ако на почетокот можеби се ласкави, подоцна ризикуваат да станат вистинско задушување. Ако каже еднаш „те сакам“, тоа е за цел живот.

Ѕвезди родени во знакот Бик
Пенелопе Круз, Џорџ Клуни, Одри Хепберн, Зигмунд Фројд, Вилијам Шекспир …

Хороскопска компатибилност на Водолијата и Стрелецот: Пар предодреден за големи нешта!

Слични објави

Станија живее раскошно во Мајами: Старлетата се почестила со џип и луксузен стан, за кои потрошила 825.000 долари!

Еспресо

Неверојатна сума: Крунисувањето на кралот Чарлс Трети чинело повеќе од 70 милиони фунти!

Еспресо

(Фото) Хрватскиот актер ужива во друштвото на поранешната девојка на Леонардо Дикаприо

Еспресо

(Фото+видео) Александра Пријовиќ ги прошета „пантерите“ од 50.000 евра! Пејачката на славата кај Брена и Боба носи луксузен накит од „Картие“

Еспресо

Хороскоп за 23 ноември: Скорпиите ќе добијат неочекувани пари, Близнаците ќе имаат ситни проблеми со партнерот

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ посетува колешка на Карлеуша: Јавно ја објави локацијата, се работи за популарна пејачка

Еспресо
Се вчитува....