10:09 - 12 март, 2026

Бидна свадбата: Внуката на Бајден, Наоми се венчаше во белата куќа со рок музика

Внуката на американскиот претседател Џо Бајден Наоми се омажи во Белата куќа на 19 ноември, објави Си-Ен-Ен.

Настанот беше затворен за печатот. Избраникот на 28-годишната Наоми Бајден беше 25-годишниот Питер Нил. И двајцата се адвокати.

Нил моментално работи во Правниот центар за домашна безбедност на Универзитетот Џорџтаун.

Церемонијата беше 19-та венчавка што се одржа во Белата куќа.

Според две лица запознаени со деталите за венчавката, невестата била придружувана по ходникот од нејзините родители, Хантер Бајден и Кетлин Булет.

Додека Наоми Бајден одела по патеката, свирела „Bitter Sweet Symphony“ на рок бендот The Verve. Невестата носела венчаница со долги ракави со превез и долг „воз“, дизајнирана од Ралф Лорен.

Ова е деветнаесетта венчавка во резиденцијата на американските лидери кои ваквите прослави ги плаќаат од свој џеб.

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо
Се вчитува....