10.8 C
Скопје
22:31 - 3 април, 2026

Бен Афлек тајно се сретнал со Џенифер Лопез, зборувале за развод: Пејачката во кавга со мајката на актерот

Актерот Бен Афлек поминал четири часа во вилата со Џенифер Лопез. До мај годинава, парот заедно живееше во оваа вила која ја купија заедно и ја нарекоа „домот од соништата“, а сега – откако Бен се отсели – само Џенифер остана во неа. Новите гласини велат дека виката е ставена на продажба по цена од 60 милиони долари.

Според новинарите на Пејџ сикс, во неделата, на 9 јуни, Бен Афлек пристигнал во нивниот заеднички дом каде што сега живее сама Џенифер Лопез, кој се наоѓа во Беверли Хилс. Актерот во замокот останал околу четири часа, од 17 до 21 часот. Подоцна, актерот влегол во својот автомобил и си заминал. Новинарите претпоставуваат, водејќи се според зборовите на блиски извори на парот, дека Џеј Ло и Афлек на оваа четиричасовна средба дискутирале за спогодбен развод.

Во мај се појавија гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек имаат сериозни проблеми во врската. Беше објавено дека актерот се иселил од нивната куќа и се преселил во изнајмена куќа во непосредна близина до бившата сопруга Џенифер Гарнер. Во исто време, инсајдерот забележа дека актерот не е виновен за нивниот раздор. Подоцна се појавија информации дека Бен Афлек не е задоволен од работниот распоред на Џенифер Лопез. Наводно, актерот дури и се скарал со вработените на неговата сопруга.

Минатата недела, новинарите објавија дека Џенифер Лопез и Бен Афлек најмиле агент за продажба за нивната куќа, која ја купија за 60 милиони долари минатата година. Иста сума бараат и за продажба на домот. Според новинарите, актерите ќе загубат голема сума на пари бидејќи потрошиле пари за реновирање на домот.

Во меѓувреме, странските медиуми известуваа дека односите на Лопез со мајката на Бен Афлек станале неподносливи.

 

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....