6.8 C
Скопје
20:20 - 10 март, 2026

БЕН АФЛЕК ПРВПАТ ПРОЗБОРЕ ЗА ВТОРАТА ШАНСА СО ЏЕЈ ЛО: Можам да кажам дека ми е убаво

бен афлек

Актерот Бен Афлек конечно проговори за обновената врска со латино ѕвездата Џенифер Лопез.

„Можам да кажам дека дефинитивно ми е убаво. И знаете, една од работите што сега навистина ја ценам во сите аспекти од мојот живот е тоа што сè се случи така и се одрази на мене. Знам дека не сум совршен, но работам напорно и навистина сакам да бидам искрен, автентичен и одговорен. Тешко е да се каже кој има поголема корист без да навлегуваме во деталите на озборувањата. И тоа е добра приказна. Тоа е одлична приказна. Можете да пишувате претпоставки за нас, но една од потешките лекции што ги научив е дека не е паметно да се споделува сè со светот. Знам дека ми е поудобно ако поставам здрави граници во мојот живот и едноставно не сакам да зборувам за мојот личен живот во весник. Ќе се воздржам малку“, изјави Бен за „WSJ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben and Jen ✨ (@bennifer1.0)

„Многу сум среќен што добив втора шанса во животот, бидејќи многумина ја немале ниту првата“, додаде актерот.

„Среќен сум за сите лекции што ги научив во последните пет години во животот, поради големите проблеми во кои се најдов, најмногу поради болката што им ја предизвикав на другите луѓе“, рече Афлек веројатно мислејќи на пропаднатиот брак со актерката Џенифер Гарнер во кој не можеше да се откаже од алкохолот и коцкањето.

Да потсетиме, Афлек и Лопез се повторно заедно од пред неколку месеци по пауза од 20 години.

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо
Се вчитува....