16.8 C
Скопје
02:57 - 27 јули, 2024

Бен Афлек отворено за борбата со алкохолизмот: Му помогнал Бредли Купер, а сега тој ги советува зависниците

Бен Афлек стана главен лик на новиот број на магазинот „Холивуд репортер“. Во едно големо интервју, актерот зборуваше за врската со сопругата Џенифер Лопез и борбата против алкохолизмот. Бен одговараше и на прашања за неговата кариера во филмската индустрија, која не била секогаш лесна.

„Станав несвесно – лице на актерскиот алкохолизам и борбата против зависноста. А најдобриот дел од тоа е што понекогаш луѓето ми се јавуваат и ми велат: „Еј, можеш ли да ми помогнеш?“. И многу ми е мило што го правам тоа. Главниот трик на 12-те чекори е во тоа што кога им помагате на другите луѓе, на тој начин си помагате и самите себеси. И често на зависниците им кажувам дека да сум на нивна позиција, нема јавно да зборувам за зависности. Не мора да бидете нечиј пример. Нема потреба да кажувате никому“-објаснува Бен.

Бен Афлек неколку пати бил лекуван од зависност од алкохол. Актерот јавно зборуваше за своите проблеми на социјалните мрежи, во интервјуа и во разни емисии. Меѓу другите причини, како причини за злоупотреба на алкохол ги наведе тешкотиите во работата и тешкотиите во бракот со актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца.

Бен сподели дека во многу негови интервјуа зборовите биле погрешно протолкувани од новинарите.

„Овие работи ги гледам како многу опасни, мислам дека ако кажеш макар и една погрешна работа, кариерата ќе ти заврши. Имав навистина болно искуство кога правев интервјуа каде што бев многу искрен и сè беше превртено наопаку и пренесено спротивно од она што навистина го мислев“, нагласи глумецот.

Афлек три пати се обидел да се лекува од алкохолизам, но секој пат повторно се враќал на алкохолот. Во октомври 2019 година, папараците го снимија актерот пијан за време на прославата на Ноќта на вештерките. Ова се случи неколку месеци откако Афлек доби значка од Клубот на алкохоличари за една година трезвеност. Сепак, Афлек до крајот на 2019 успеа да го надмине најакутниот период. Според Афлек, многу му помогнале Бредли Купер (Купер му помогна во лекувањето со алкохолизмот и на Бред Пит) и Роберт Дауни Џуниор. Инаку, првиот од нив исто така своевремено се излекувал од алкохолизам, а вториот од зависност од дрога.

„Ми се чини дека во случај на закрепнување, луѓето понекогаш забораваат дека процесот влева одредени вредности. Бидете искрени. Преземете одговорност за вашите грешки. Помогнете им на другите. Извинете се ако сте направиле нешто погрешно“, рече Афлек.

Во 2020 година веќе можевме да видиме дури четири филма со учество на Бен Афлек откако ги надмина проблемите со алкохолот.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....