02:51 - 7 ноември, 2026

Беби Дол по долго отсуство од јавноста влегува во „Елита 10“ и има јасна порака до станарите

Пејачката Беби Дол влегува во реалното шоу „Елита 10“ по подолг период во кој ретко се појавуваше во јавноста.

Пред влегувањето во реалното шоу, таа откри дека од учесниците досега го познава само Филип Ѓукиќ, но и дека нема намера да дозволи некој да ја испровоцира или да ја омаловажи нејзината досегашна работа.

Беби Дол откри дека немала можност да се запознае со останатите учесници, но дека со Филип Ѓукиќ се познава од порано преку заеднички пријатели.

„Немав задоволство да ги запознаам станарите, од порано го знам само Филип Ѓукиќ. Ми беше супер, имаме заеднички пријатели“, изјавила пејачката.

Пред влегувањето во реалното шоу, Беби Дол зборувала и за договорот што го потпишала. Таа нагласила дека немала посебни барања и дека не смета оти поради својата кариера треба да има поинаков третман.

„Не барав посебни услови за „Елита 10“, за мене целиот живот е посебен, не ми требаат посебни услови. Немам однос кон себе како кон ѕвезда. Луѓето ги знаат моите песни и јас сум благодарна за тоа.

Претходно не бев во можност да влезам во реално шоу, имав обврски околу родителите. Немам браќа и сестри, јас сум женско дете и си ветив дека некои работи јас ќе ги завршам“, објаснила пејачката.

Беби Дол пред влегувањето испратила и јасна порака до идните цимери. Таа нагласи дека нема да дозволи некој да ја испровоцира, но ниту да ја дискредитира нејзината долгогодишна работа.

Пејачката истакнала дека не сака да се служи со ниски удари и дека не планира да влегува во непотребни конфликти.

„Никој нема да може да ја дискредитира мојата работа. Не сакам да удирам ниско. Кога луѓето не се добро, со мене ќе биде сè во ред“, порачала Беби Дол.

По долгото отсуство од телевизиските формати, таа сега повторно ќе биде пред камерите, но овојпат како дел од една од најгледаните реални програми.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....