18:07 - 6 ноември, 2026

Девојката на Виктор Живојиновиќ им одговори на критичарите: „За него сум најдобра, тој мене ме избра!“

Александра Гашиќ, новата девојка на Виктор Живојиновиќ, неодамна се појави на семејна прослава и веднаш привлече внимание на социјалните мрежи.

Нејзиното појавување предизвика бројни коментари, а дел од корисниците започнаа да го споредуваат нејзиниот изглед во живо со фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.

Александра, сепак, не остана должна и реши директно да им одговори на оние кои го коментираа нејзиниот физички изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Gašić (@_akaaa__)

Сè започнало откако на социјалните мрежи се појавила снимка од крштевањето на ќерката на Александра Пријовиќ, на кое биле присутни Виктор и неговата девојка.

Набргу потоа следеле коментари од луѓе кои ги споредувале фотографиите од прославата со оние што Александра ги објавува на својот профил.

Еден од коментарите гласел:

„На Инстаграм е сосема друга личност.“

Александра решила да одговори на ваквите забелешки и јасно да стави до знаење дека не се оптоварува со туѓите мислења.

На коментарите за нејзиниот изглед, Александра одговорила со порака во која се пошегувала и на сметка на својата врска со Виктор.

„За него сум најдобра. И да, мојот дечко многу убаво готви, па се здебелив некоја килограм, немојте да бидете толку строги. Тој мене ме избра“, напишала таа, мислејќи на Виктор.

Со ова Александра покажа дека критиките за нејзиниот физички изглед не ја засегаат премногу и дека повеќе внимание му посветува на односот со својот партнер.

Александра професионално се занимава со шминкање и разубавување, а неодамна започнала и сопствен приватен бизнис.

Таа лансирала своја линија костими за капење, а во овој деловен потфат има поддршка од целото семејство Живојиновиќ.

Виктор, во меѓувреме, наводно е многу среќен во новата врска. Извор близок до семејството претходно изјавил дека кај него јасно се гледа колку е вљубен во Александра.

„Виктор цвета и навистина се гледа дека е до уши вљубен во Александра. Набргу откако започнаа да се забавуваат, тој одлучи да ја запознае со целото семејство, кое исто така било воодушевено од новата снаа.

Како што оди редот, ја повикале и на летување, па Александра ужива со нив на семејната јахта“, изјавил тогаш извор за медиумите.

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....