Пејачката Катарина Кача Живковиќ отворено зборуваше за својот приватен живот, мајчинството и растењето на нејзиниот син Стефан, но и за можноста во иднина повторно да стане мајка.
Покрај плановите поврзани со нејзината музичка кариера и новите песни, Живковиќ се присети и на периодот кога учествуваше во реалното шоу „Фарма“ („Farma“).
Таа призна дека тоа искуство за неа било трауматично и дека денес не би сакала повторно да се појави во сличен телевизиски формат.
Пејачката вели дека во тоа време била многу млада, но и покрај тешкотиите успеала да победи.
„Тоа за мене беше многу трауматично и мислам дека никогаш повеќе не би се обидела во некој реален формат. Би се исплашила, тоа не е за мене, не беше ни тогаш, но бев млада и победив. Луѓето препознаа нешто убаво во мене. Бев амбициозна и сакав да се занимавам со оваа работа, а секогаш се натпреварував само со себе.
Малата Кача денес би ѝ кажала на големата Кача дека е горда на неа. Малата Кача беше полна со соништа, очекувања и стравови, но некако успеа да се избори со сè и сешто и да стигне до својата цел. Ова не е крај, имам уште многу добро да понудам“, изјавила пејачката.
По разговорот за кариерата и минатото, Живковиќ се осврна и на семејниот живот. Таа без двоумење откри дека е подготвена за следниот чекор и дека сака повторно да стане мајка.
„Синот брзо расте, како што велат, децата растат како од вода. Времето го поминуваме така што постојано си играме и разговараме. Тој е многу љубопитно и немирно дете. Времето поминато со него е нешто најубаво што ми се случува.
Сè уште не се запознал со синот на Милица Тодоровиќ. Мислам дека таа одлично се снаоѓа во улогата на мајка. Подготвена сум за второ дете, ги обожавам децата и посакувам да имам многу деца“, рекла таа одлучно.
Живковиќ вели дека, покрај желбата да биде успешна во својата професија, сака да биде и добра мајка кога ќе се врати дома кај својот син.
„Мал е, бебе е, сладок е и што и да направи, за мене е големо како куќа. Што и да направи, јас си мислам: „Леле, тоа може само моето дете“.
Таа открива дека не е попустлива мајка, иако Стефан сè уште е многу мал, а истото правило планира да го следи и понатаму.
Живковиќ смета дека денешното време носи посебни предизвици за родителите, особено поради влијанието на социјалните мрежи и содржините со кои децата можат да се сретнат уште од најрана возраст.
„Не сум попустлива мајка ни сега кога е многу мал, нема да бидам ни подоцна, бидејќи живееме во многу опасно време, кога наративот го презедоа социјалните мрежи, лажните профили кои си земаат за право да напишат и да испратат секакви работи.
Морате да бидете психички стабилни за да издржите сè. Замислете кога на мало дете ќе му дадете телефон в раце, а тоа ќе прочита некои работи за себе или ќе добие вознемирувачки пораки. Замислете како тоа влијае не само врз детската, туку и врз човековата психа.
Живееме во опасни времиња. Нашето детство не може да се спореди со денешното време, и тоа не важи само за децата, туку и за нас возрасните“, заклучила пејачката.
