19:02 - 6 септември, 2026

Ќерката на Карлеуша вечерва станува полнолетна: Сè е подготвено за големата прослава, еве кој ќе пее

Во белградскиот хотел „Хилтон“ вечерва ќе се одржи голема гала-прослава по повод родендените на сестрите Атина и Ника Тошиќ.

Атина оваа година полни 18 години, додека нејзината сестра Ника ќе го прослави 17. роденден. Нивната мајка, пејачката Јелена Карлеуша, според најавите, се погрижила секој детаљ од прославата да биде внимателно испланиран.

Во домот на семејството Тошиќ денеска владеела вистинска празнична атмосфера, бидејќи подготовките за големата вечер биле во полн ек.

Атина и Ника вечерва треба да се појават во посебни изданија, а за нивниот изглед биле ангажирани професионалци за шминка и фризура.

Карлеуша, според информациите, лично се погрижила за стајлинзите на своите ќерки, но внимавала и на сопствениот изглед.

Посебно внимание е посветено и на изгледот на салата. Декорацијата е осмислена специјално за оваа пригода, а целата организација е замислена во стилот на големите светски настани.

Според информациите што се појавија во јавноста, за целокупната прослава ќе бидат издвоени повеќе од 50.000 евра.

Во пресрет на прославата, внимание привлече и односот меѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

Според информациите, поранешните сопружници во последните денови повторно се зближиле, но во пријателски однос. Двајцата сега ги здружиле силите за да им приредат незаборавна вечер на своите ќерки.

„Јелена и Душко се во најдобри односи откако се посветија на организацијата на овој голем ден. Изнајмена е раскошна сала во елитен хотел, декорацијата пристигнува од странство, а списокот на гости е импресивен. Се очекува голем број познати личности, но и млади од најбогатите семејства, со оглед на тоа што Атена и Ника посетуваат престижни приватни училишта“, открил извор близок до семејството за „Информер“.

На прославата, според најавите, треба да присуствуваат голем број познати личности од домашната естрада.

Меѓу поканетите се споменуваат Драгана Мирковиќ, Индира Радиќ, Вики Миљковиќ, Десингерица, Сузана Јовановиќ, Гога Секулиќ, Драган Стојковиќ Босанац, Зорица Брунцлик и Миролјуб Аранѓеловиќ Кемиш, како и Стоја и Саша Матиќ.

Се очекуваат и гости од медиумскиот свет, меѓу кои се споменува и Јована Јеремиќ.

За музичкиот дел од вечерта, според информациите, ќе биде задолжена токму Јелена Карлеуша, која наводно ја осмислила програмата до најситен детаљ.

Карлеуша мислела и на медиумите. За претставниците на седмата сила е организиран коктел во посебно подготвена сала.

Новинарите се очекува да пристигнуваат од 19 часот, додека првите гости на гала-прославата ќе почнат да доаѓаат од 20 часот.

Тогаш хотелот „Хилтон“ ќе се исполни со познати лица и млади гости кои ќе им се придружат на Атина и Ника во прославата на нивните посебни денови.

Сè е подготвено за вечер исполнета со музика, гламур и изненадувања, а останува да се види кои од најавените гости навистина ќе се појават и во какви изданија полнолетната Атена и нејзината сестра Ника ќе блеснат пред присутните.

Слични објави

Беби Дол по долго отсуство од јавноста влегува во „Елита 10“ и има јасна порака до станарите

Еспресо

Девојката на Виктор Живојиновиќ им одговори на критичарите: „За него сум најдобра, тој мене ме избра!“

apostolova

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Неделен хороскоп од 7 до 14 септември: Добар период за подобрување на материјалната ситуација

Еспресо

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Ѓумбирот е лековит, но не за сите! Кој не смее да консумира ѓумбир?

Т.Ц.
Се вчитува....