21.8 C
Скопје
17:17 - 1 мај, 2024

Беби Дол ѝ се врати на музиката: „Од чекање нема ништо“

Драгана Шариќ, попозната како Беби Дол, беше една од главните теми во јавноста изминатиов период кога српски Курир објави дека е видена како доаѓа да земе храна во народна кујна, по што проговорија и нејзините соседи кои раскажаа дека поранешната поп-џез ѕвезда на Југославија веќе подолго време живее во тешки услови.

Потоа се појавија приказни дека музичарката оди во Лондон кај пријателка за да се крие на некое време од Белград, а сега конечно Беби Дол проговори. Но, причината за тоа не се актуелните приказни за неа кои ги споменавме, туку објавувањето на ЦД.

Имено, во издание на Маском се објави нејзиниот двоен студиски албум „Цовек радо изван себе живи“. Станува збор, како што наведуваат од оваа издавачка куќа, за уникатно ЛП издание, албум кој содржи 12 песни кои го одбележаа 20 век. Беби Дол пееше песни од Марвин Геј, Стоунс, Битлси, Џејмс Браун…

– Мислам дека не сум оригинална, бидејќи ако се сеќавате на деведесеттите, ќе разберете дека неповторливиот Брајан Фери ја започна целата работа, кога изведе парада на песни кои му го одбележаа животот. Сите од Синатра до Боно го направија тоа. Музиката направена од Битлси, Стоунс, Хендрикс, Принс ја раздвижи целата планета. Во изминатите десет години сакав да направам ваков албум, но поради несреќни околности не успеав. Тогаш сфатив дека од чекање нема ништо“, објаснува Беби Дол.

Музичарката конечно одлучи да се посвети на својата примарна работа поради која и стана позната во регионот на почетокот на 80те години од минатиот век и сега својата публика повторно ја израдува со нови хитови, иако преработени.

Слични објави

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ ќе стане милионер: Еве каков бизнис започна, а мама е горда!

еспресо

Астропрогноза за среда, 1 мај: Овните ќе носат одлуки, за Водолиите интересни познанства

еспресо

Цеца одговори дали Вељко ќе добие национална пензија: „Не се потресувајте…“

еспресо
Се вчитува....