12:00 - 13 ноември, 2026

(Фото) Кара Делевињ во страсни мигови со партнерката на Вимблдон: Борба на теренот, љубов на трибините

Убавата 30-годишна манекенка изгледаше „шик“ во беж блејзер, кој го комбинираше со црна маичка и црни кожени панталони. Заедно со нејзината партнерка носеа очила за сонце на лицата, а освен навивање, се препуштија и на бакнување и грицкање на ушите.


Кара и 31-годишната Минка, чие вистинско име е Леа Мејсон, ја чуваа својата врска во тајност до јуни минатата година, кога беа видени како се бакнуваат на одмор во Портофино.

Додека светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ на Вимблдон се мачеше на теренот, моделката со нејзината девојка се препуштија на уживањето – буквално. Имаше што да се види на трибините во Лондон. Двете убави девојки се препуштија на страстите додека на теренот се водеше жестока битка. Во исто време на Твитер се нижеа негативни коментари поради ваквиот гест на моделката.

Секако, страсните бакнежи беа фатени од камерите и фото-објективите.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....