11.8 C
Скопје
12:34 - 30 март, 2026

„Баш непријатна ситуација, Весна Змијанац не ме испочитува“: Теодора Билановиќ проговори за несогласувањето со пејачката

Пејачката Теодора Билановиќ проговори за непријатната ситуација што се случила за време на заеднички настап со нејзината постара колешка, фолк ѕвездата Весна Змијанац.

Таа откри дека била разочарана поради непочитување на однапред договорениот распоред на излегувања на сцена.

„Не сум се расправала со неа, но ми пречеше што не го испочитува тајмингот за пеење. Ниту праша дали е во ред. Станав, отидов до бината и гледам – таа пее. Секој за себе зборува со своето однесување. Баш непријатна ситуација. Ги сакам нејзините песни, но со госпоѓата не се дружам“, изјави Теодора, додавајќи дека на своите настапи често гледа луѓе вооружени.

„Некогаш е и нормално … Не треба ни да зборувам за тоа. Каде што има добар бакшиш, таму има и пиштоли“, додаде таа.

Инаку, Весна Змијанац пред неколку дена беше примена во болница поради влошена здравствена состојба, а денес медиумите јавуваат дека ѝ била извршена итна операција на срцето.

Според информациите, на пејачката ѝ е направена ревускуларизација на артерија, при што ѝ се поставени три стента. Интервенцијата била неопходна поради сериозно стеснување на левата коронарна артерија, еден од најзначајните крвни садови на срцето.

Слични објави

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо
Се вчитува....