18:18 - 6 ноември, 2026

Бајага во пресрет на летната турнеја на Јадранот откри што му претставува најголема радост кога настапува

Групата „Бајага и инструктори“ ја основал Момчило Бајагиќ – Бајага во осумдесеттите години, а во повеќе од четири децении постоење бендот остави неизбришлива трага на регионалната музичка сцена.

Неуморниот Бајага се подготвува за турнеја на јадранското приморје, а сега ја откри причината поради која сè уште настапува. ова лето ќе одржи три големи концерти на хрватското крајбрежје.

„Се радувам на средбата со публиката на Јадранот, како и секогаш, и верувам дека заедно ќе поминеме убави музички вечери. Понесете добро расположение, а ние ги носиме песните што сите ги знаеме“, рекол Бајага во пресрет на концертите.

Пред настапите, Момчило Бајагиќ – Бајага порача дека и по повеќе од 40 години оваа работа сè уште го исполнува. Тој додал дека особено го радува кога на концертите гледа помлади генерации кои ги пеат песните создадени пред тие да бидат родени.

„Најмногу ме радува кога ќе видам дека децата на концертите ги знаат песните што сум ги напишал кога тие сè уште не биле ни родени. Тоа чувство е причината поради која сè уште се занимавам со оваа работа“, истакнал Бајага.

 

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....