21:08 - 6 ноември, 2026

Пензионерите барале забрана за легендарниот хит на „Плави оркестар“, а Лоша дури по 25 години ја открил грешката во песната

Групата „Плави оркестар“ беше една од најпопуларните на просторот на поранешна Југославија, а еден од најголемите хитови што ги објавија е песната „Боље бити пијан него стар“. Фронтменот Саша Лошиќ Лоша откри интересна анегдота поврзана со оваа песна.

Пејачот изјави дека пензионерите барале забрана на песната.

– Никогаш не се лутев кога некој ќе напишеше лоша критика за нас. Напротив, Сојузот на пензионери на поранешна Југославија од Нови Сад своевремено покрена иницијатива да бидеме забранети како група поради песната „Боље бити пијан него стар“. Случајот стигна дури и до јавниот обвинител, а беше забрането емитувањето на песната. Тогаш имавме југословенска турнеја, а комуналните служби мораа да лепат бели ленти преку веќе залепените плакати низ целата држава бидејќи турнејата се викаше „Боље бити пијан него стар“ – рекол Саша Лошиќ Лоша, фронтменот на „Плави оркестар“, во едно интервју, пренесува „Мондо“.

Грешка во песната

Со години никој не забележал голема грешка во текстот на оваа песна. Имено, на почетокот на песната Лоша пее: „Жал ми е што бевме само добри другари“, додека во рефренот приказната се менува, па пее: „Виното не знае дека некогаш бевме среќен пар“.

– Се фаќам себеси како размислувам, ја пеам 25 години и никогаш не сум го забележал тоа. Потоа почнав да ги разгледувам песните и видов дека половина од нив се целосно ирационални. Зборовите немаат врска едни со други, нема приказна, нема логика. А на луѓето им е сеедно – ррече Саша.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....