12:02 - 15 април, 2026

Австралиските научници тврдат дека го пронашле исчезнатиот брод на капетан Кука, Американците не се согласуваат

Австралиските научници тврдат дека го пронашле „Ендевор“, изгубениот брод на капетанот Џејмс Кук.

-Можеме со сигурност да потврдиме дека ова се остатоците од „Ендевор“. Ова е важен момент. Тоа е веројатно еден од најважните пловни објекти во нашата поморска историја – изјави Кевин Сампшн, извршен директор на Националниот поморски музеј.

„Ендевор“ бил брод на британскиот истражувач Џејмс Кук, кој пловел по Тихиот Океан помеѓу 1768 и 1771 година. Тој го искористил за да открие делови од светот кои во тоа време биле во голема мера непознати за Европјаните, вклучувајќи делови од Австралија и Нов Зеланд, пишува Sky News.

Меѓутоа, во 1775 година бродот веќе бил во прилично лоша состојба, па бил продаден на приватен сопственик кој го преименувал во „Лорд Сендвич“, кој бил потопен од британската морнарица во 1778 година во пристаништето Њупорт на Роуд Ајленд. Научниците ја истражуваа областа во последните 22 години и детално испитуваа неколку остатоци на локацијата, споредувајќи го нивниот изглед со плановите и мерките на „Ендевор“.

Сампшн изјави дека „последните парчиња од сложувалката“ мора да се состават пред да се добие официјална потврда за откритието, но додаде дека е убеден, врз основа на архивски и археолошки докази, дека се работи за „Ендевор“.

Американски експерти не се согласуваат

Сепак, експертите од САД не се оптимисти. Организацијата Проектот за морска археологија на Роуд Ајленд (RIMAP) вели дека се работи за прерана изјава и „прекршување на договорот“. Извршната директорка на RIMAP, Кејти Абас, рече дека тие се всушност водечката организација задолжена за ова истражување.

„Има многу неодговорени прашања кои би можеле да покажат дека се работи за погрешна идентификација. RIMAP ја разбира врската меѓу австралиските граѓани со британско потекло и „Ендевор“, но имаме намера нашите заклучоци да ги засноваме на соодветни научни процеси, а не на австралиски емоции или политика“, рече Абас.

Потонатите остатоци за кој Сампшн тврди дека му припаѓаат на „Ендевор“ се наоѓаат на само 500 метри од брегот. Лежат на 14 метри под површината и се покриени со наноси и тиња кои се таложеле речиси 250 години.

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....