29.3 C
Скопје
14:10 - 23 јули, 2026

Андрија Милошевиќ пушти мустаќи и седа коса, актерот целосно го промени изгледот

андрија милошевиќ

Актерот Андрија Милошевиќ поради нова улога целосно го промени својот изглед. Публиката е навикната да го гледа со бојадисана коса и во различни изданија, но овојпат одлучил да негува поприроден изглед.

За потребите на новиот филм „Чуружанка“ на режисерот Емир Кустурица, Андрија Милошевиќ ја оставил косата во нејзината природна боја, па може да се забележи дека е прошарана со седи влакна.

Покрај тоа, пуштил и мустаќи, а многумина коментираат дека новиот изглед го прави нешто постар, но и посериозен. Неговата трансформација привлече големо внимание кај јавноста.

„Се мрштите на луѓето, а одите во црква“

Познатиот актер, водител и комичар Андрија Милошевиќ, гостувајќи во еден поткаст, истакна дека човечноста е над сè и дека во животот на човекот не треба да има место за омраза, нагласувајќи дека таа претставува длабоко разрушувачка енергија.

Милошевиќ посебно се осврна на верата и однесувањето на луѓето, порачувајќи дека оние кои одат во црква навистина треба да го следат нејзиното изворно учење, а тоа пред сè е љубовта.

„Никогаш не е доцна човек да почне да се чувствува како човек, тоа е голема одговорност. Вратете се кон човечноста. Не дозволувајте да ве понесе омразата, затоа што тогаш сте изгубени. Таа најмногу му штети токму на оној што ја носи во себе. Ако одите во црква, навистина следете го она што го учи црквата, навистина слушајте што ви зборуваат. Следете го тоа дека суштината е љубовта“, изјави актерот.

Тој додаде:

„Ако во црква седумдесет пати ви ја спомнат љубовта, тогаш тоа навистина е љубов, драги луѓе. Тогаш не зборувајте за други работи. Не се мрштете, зошто се мрштите, за име Бога? Зошто се мрштите на другите луѓе? Најголемата сила е во човечноста. Таа не е ниту во оружјето, ниту во агресивноста. Тоа треба да биде јасно. Вистинската сила е во човечноста“, порача Андрија Милошевиќ во претходно гостување во еден поткаст.

Слични објави

(Фото) Перо Антиќ и Сања Ристиќ прославија три години љубов: „Среќна годишнина, моја љубов и светлина“

Еспресо

Десингерица искрено за приведувањето во Црна Гора и шишањето на публиката

Е.А.

„Мислев дека ќе биде тромава, а таа носеше високи потпетици“: Цеца откри детали за бременоста на Анастасија

Еспресо

Илчо од „Дупер“: Не сфаќам зошто жените имаат потреба да се сончаат топлес

Еспресо

(Фото) Се породи Едита Арадиновиќ: Пејачката ја доби ќерката Зоја

Еспресо

Во 86-та година од животот почина Наум Бурназ, доајенот на македонската песна,

Т.Ц.
Се вчитува....