18:32 - 4 ноември, 2026

Пејачката родена во Скопје за стан во Белград на вода дала милион евра, а за чанти дава 11.000 евра

Пејачката Надица Адемов со сопругот и децата ужива во луксузен стан, чија вредност се проценува на дури 830.000 евра, а вниманието на јавноста го привлече и нејзиниот импресивен гардеробер.

Надица Адемов, која е родена во Скопје, не ја крие својата љубов кон луксузните модни парчиња, па затоа во својата колекција има бројни скапи чанти и чевли од реномирани брендови. Особено одекна информацијата дека потрошила дури 10.000 евра за една чанта, што многумина остави без зборови.

– Никогаш не сакам да зборувам за цени, но ако веќе ме прашувате за чантата, таа чини од осум до 10.000 евра, а моите чизми се околу 700 евра. Колекцијата вреди над 30.000 евра сигурно, никогаш тоа не сум го ни пресметала  – рекла Надица Адемов за „Блиц“, па додала:

– Генерално, чевлите и чантите се најскапите во мојот гардеробер, но не знам сега што би издвоила. Најскапа чанта ми е онаа што ја споменав погоре, а имам уште една што чини околу 11.000 евра. Вистина е дека имам многу пријатели на естрадата, добивав скапи подароци, но сепак мојот партнер го даде најскапиот подарок, а тоа се моите деца.

Според извор близок до пејачката, станот бил целосно нов и опремен, што веднаш го привлекол вниманието на Надица.

– Требаше да се средат само некои ситници, но во најголем дел сè беше по нејзин вкус. Претходниот сопственик го опреми и го продаде, а Надица брзо донесе одлука да го купи – открива изворот.

Цената по квадратен метар била околу 4.500 евра, што значи дека вкупната вредност на станот била проценета на најмалку 830.000 евра.

 

 

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....