16:39 - 24 септември, 2026

(Видео) Нина Бадриќ без задршка за најголемите заводници на естрадата: Тоа беше кордон од жени, кутриот не можеше да помине…

На социјалните мрежи се појави видео во кое Нина Бадриќ ги коментира своите машки колеги од музичката сцена.

Познатата пејачка Нина Бадриќ годинава одржа три распродадени концерти во Сината сала на Сава Центар во Белград, во рамките на турнејата „Нина без засилувачи“. По тој повод таа даде неколку изјави за српските медиуми, а сега на социјалните мрежи се појави исечок од разговор во кој отворено зборува за најголемите естрадни заводници на Балканот и открива кои колеги оставиле силен впечаток кај женската публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K1 Televizija (@k1televizija)

„Господе Боже. Петар Грашо кога се појави, тоа беше вистинска сензација. Борис Новковиќ кога се појави, зад него имаше вистинска војска од обожавателки. Ален Витасовиќ, тоа беше кордон од жени, кутриот не можеше да се пробие ниту од една до друга улица. Навистина сум видела многу такви сцени. Вообичаено, а речиси секогаш, тоа се мажи по кои жените врескаат, но на моите концерти жените врескаат заедно со мене“, изјави Нина.

Пејачката ја продолжува својата акустична турнеја со концерти на отворено и на ексклузивни локации, меѓу кои се летната сцена во Опатија и Тврдината „Свети Михаил“ во Шибеник.

На големо задоволство на нејзините бројни обожаватели, во февруари годинава, по пауза од петнаесет години, таа објави нов албум со наслов „Мои луѓе“, кој содржи петнаесет нови песни. Меѓу нив е и хитот „Жива“, за кој на овогодишното издание на свечената манифестација организирана од списанието „Стори“ и златарницата „Прахир“ ја доби наградата за песна на годината.

„Не можев да добијам подобра награда од онаа за хит на годината! И самата, ако можев да избирам за себе, ќе си ја доделев наградата за песна на годината токму за песната „Жива“, затоа што таа има голем и длабок личен печат во мене. Луѓето што ја слушаат секогаш го имаат истиот коментар – дека песната ги крева од мртвите. Токму тоа е нејзината суштина. Таа носи позитивна порака и ги прави луѓето порасположени отколку што биле претходно. Во тоа е нејзината сила“, порача Нина по повод добиеното признание.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Репродуктивно здравје и бременост — што треба да знаете

Еспресо

Синот на Сека Алексиќ полни 10 години – пејачката со години се бореше за потомство

Еспресо

„Знам дека се гордееш со мене“: Македонецот кој победи на „Ѕвездите на Гранд“ се присети на починатата мајка на нејзиниот роденден

Еспресо

Почина култниот Мерџан од филмот „Дом за бесење“

E.A.

„Имав интимни односи со мажи“: Ера Ојданиќ шокираше со признанието од минатото, а сега ужива со 43 години помлада девојка

E.A.

Цела фамилија на сцена: Ана Костадиновска се потсети на среќните денови со „ДНК“

Еспресо
Се вчитува....