17.8 C
Скопје
11:16 - 15 октомври, 2024

Анџелина Џоли е принудена да носи затворена облека: Доста ѝ е од постојани критики за нејзиниот изглед

Анџелина Џоли носи затворена облека бидејќи постојано се соочува со критики дека е премногу слаба. Упатените велат дека таа претерано емотивно реагира на критиките.

Како што пренесува In Touch Weekly, повикувајќи се на извор, 49-годишната Џоли е „уморна од бескрајното внимание на своето тело“, па затоа е принудена да ја крие својата фигура дури и во топли денови (на пример, носеше крзнена наметка на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал). Изворот нагласува, дека за разлика од тоа што се зборува за неа, таа нема никакви здравствени проблеми:

„Луѓето околу Енџи се уште се загрижени, но сега таа јасно стави до знаење дека тоа е нејзиниот живот, нејзиното тело и никој не треба да ја прашува повеќе за ова“, вели изворот.

Инаку, висината на актерката е 168 сантиметри, а таа тежи не повеќе од 44 килограми.

Според изворот, Џоли тврди дека е слаба уште од детството и е прилично задоволна со тоа: „Таа воопшто не е неухранета, а децениските гласини дека има опасно недоволна тежина или некој вид на нарушување во исхраната се невистинити и тоа е крајно сурово“.

Сепак, актерката која се уште не ја решила правната битка со поранешниот сопруг Бред Пит иако се разделија во 2016 година, во последно време е под голем стрес. Таа планира да добие номинација за Оскар за улогата во филмот Марија, продуцира неколку нови проекти и е загрижена за нејзиниот син Пакс, кој неодамна доживеа тешка несреќа: „Како резултат на тоа, таа има состаноци наутро, напладне и навечер. Од моментот кога ќе се разбуди и пред нејзината глава да „падне“ на перницата, таа е во целосна борбена готовност“. Овој стрес може да биде и причина за нејзиното слабеење.

Да потсетиме, Џоли неодамна го претстави филмот „Марија“ на филмскиот фестивал во Венеција, во кој ја имаше главната улога. Таа помина неколку дена во Италија и промени неколку модни изгледи. На истиот фестивал беше и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, но организаторите распоредот го организирале така што тие не се сретнаа. Актерите се уште ги немаат завршено своите правни спорови, а нивните деца (од кои три се посвоени: 22-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс и 19-годишната Захара, а три се биолошки: 18- старата Шајло и 15-годишните близнаци Нокс и Вивиен) еден по друг го напуштаат презимето на нивниот татко.

Тејлор Свифт јавно ја поддржа Камала Харис, Маск ѝ понуди: „Ќе ти дадам дете и ќе ги бранам твоите мачки со живот“

 

Слични објави

Нови страшни обвинувања: Диди злоставувал 16-годишно момче и силувал студентка

Еспресо

(Видео) Какво тело на 63 години! Хрватската пејачка ужива за сите пари на Ибица

Еспресо

(Видео) Раскрвавена, луѓето врескале: Познатата хрватска инфлуенсерка ја касна ајкула на Малдиви

Еспресо

Претепаната босанска пејачка повторно хоспитализирана: Се огласи нејзината сестра и откри во каква состојба се наоѓа

Еспресо

Џенан Лончаревиќ доби син! Се породи партнерката со која имал тајна врска за време на бракот

Еспресо

Лепа Лукиќ добива три пензии: Од бројката ќе ви се заврти во главата

Еспресо
Се вчитува....