12:16 - 15 април, 2026

Американската кошаркарка Грајнер пуштена од руски затвор во размена со рускиот бизнисмен Виктор Бут

Си-Ен-Ен објави дека ослободувањето на американската кошаркарка Грајнер ќе биде разменето за бизнисменот Бут.

Американската кошаркарка Бритни Грајнер, која беше во притвор во руски затвор, беше разменета за рускиот бизнисмен Виктор Бут, кој издржуваше затворска казна во САД – пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извор.

„Ѕвездата на ВНБА (Женската национална кошаркарска асоцијација) Бритни Грајнер беше ослободена од притвор во Русија во замена за осудениот Виктор Бут“, се вели во написот.

Претходно, американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Си-Би-Ес изјави дека Вашингтон активно соработува со руската страна за можна размена на затвореници.

На 5 март Грајнер беше приведена додека минуваше царинска контрола, на работите на спортистката реагираше службено куче, а во куферот беше пронајдено стимулативно масло кое е забрането во Русија. Грајнер е осудена на девет години затвор и парична казна од 1 милион рубљи. Беше објавено дека Американката би можела да стане дел од размена на затвореници меѓу Русија и САД.

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....