20.8 C
Скопје
14:48 - 11 октомври, 2026

Алексеј Навални ја изгуби жалбата; „ќе биде префрлен во строга казнена колонија“ осуден на 9 години затвор

Алексеј Навални, главниот руски опозиционер, „наскоро ќе биде префрлен“ во максимално безбедносен казнено-поправен дом. Ова го одлучи судијата на московскиот суд кој ја одби жалбата на рускиот активист против Путин, осуден на девет години затвор.

Рускиот дисидент Алексеј Навални ја изгуби жалбата. Рускиот суд му ја потврдува казната од девет години затвор. Судот во Москва пред 7 дена го започна испитувањето по жалба на првостепената пресуда со која во март главниот противник на Путин, Алексеј Навални, беше осуден на девет години затвор, во процес кој се сметаше за јасно политички. Веста ја пренесе АФП, според која Навални на судењето учествувал преку видеоконференција од притворот број 2 во Покров, каде што е сместен.

Веста за казната ја објави Олег Козловски, истражувач за Русија во Амнести интернешенел, на Твитер. Казната стапува на сила и Навални „ќе биде префрлен во строга казнена колонија. Не само што ќе се соочи со уште потешки услови таму, туку ќе има и помалку посети на семејството“, посочува Козловски.

 

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.

Печени костени какви што досега не сте пробале: Додајте им две состојки за неодолив вкус

К.С.

Дневен хороскоп за 11 октомври: Бидете подготвени за денешните предизвици

Еспресо
Се вчитува....